Гратчевски Водопад
Изглед
Гратчевски Водопад | |
---|---|
Поглед на водопадот | |
Место | Велика Река |
Највисок слап | 12 м |
Гратчевски Водопад — водопад сместен на планината Осогово, по течението на Велика Река, на околу 1 км од езерото Гратче.
Настанок и опис
[уреди | уреди извор]Во 1958 година, на Велика Река била изградена помошна брана од камени блокови којашто имала за цел да го спречи наглиот проток на водата до месноста Рамна Скала, каде што се градела главната брана. Со надоаѓањето на гранки, камења и земја, помошната брана започнала да се полни со почва, па со тек на време се создал водопад. Водопадот е висок 12 м и е оддалечен околу 1 км од вливот на Велика Река во езерото Гратче.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на водопадот
-
Велика Река кај водопадот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Водопадите на езерото Градче“, Општина Кочани Архивирано на 15 април 2021 г.. Водопади Кочани.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гратчевски Водопад на Ризницата ?
- Водопадите на езерото Градче, Општина Кочани