Бабуна (река)
- За други значења на поимот Бабуна, видете на појаснителната страница
| Бабуна | |
|---|---|
Бабуна во близина на Велес | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Јакупица |
| • координати | 41°42′6.8″N 21°26′38″E / 41.701889°N 21.44389°E |
| • надм. вис. | 1.720 м |
| Устие | |
• место | Вардар |
• координати | 41°41′13.9″N 21°48′24.1″E / 41.687194°N 21.806694°E |
• надм. вис. | 155 м |
| Должина | 65 км |
| Големина на сливот | 612 км2 |
| Особености на сливот | |
| Течение | Вардар→ Егејско Море |
Бабуна — река во Македонија, десна притока на Вардар. Таа извира под врвот Солунска Глава на планината Јакупица. Има должина од 65 километри, а нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 612 км2[1]. Бабуна протекува јужно и југозападно од Велес.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката Бабуна извира на југоисточната страна на Мокра Планина под врвот Солунска Глава[2] и протекува помеѓу планинскиот масив Јакупица од левата и планината Бабуна од десната страна. Од своите извори на кои се наоѓаат прекрасните водопади во пределот над селото Нежилово тече во јужен правец до Богомила[2]. Оттука протекува во југоисточен правец со до селото Оморани од каде што свртува кон североисток сѐ до вливот во Вардар[3]. Бабуна има живописна клисуреста челенка, делумно клисуресто речно корито, мали водопади во нејзиниот горен тек. Се храни со вода од поголем број на притоки.[4]. Во своето течение долго 53 километри, прима неколку притоки, од кои најзначајни се десните притоки: Брезица, Изворска и Војничка Река[2]. Поради извонредната чистина на водата во Бабуна живеат повеќе видови риби како пастрмка, плашица, бојник, како и речни ракови, кои се често ловени во летниот период. Во долниот тек реката минува низ клисурата Пешти, каде што речните вирови се доста посетени од капачи преку летниот период.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Горното течение на реката Бабуна, сликана од патот Богомила - Папрадиште
- Клисурата Пешти на реката Бабуна
- Долното течение на реката Бабуна во близината на клисурата Пешти
- Преминување на Бабуна со дрво и јаже, 1915 г.
- Скица на прсторот и положбата на земјиштето на проектиран мост на реката Бабуна, кај село Оморани, 1938 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „- РИБОЛОВНА ОСНОВА ЗА "СЛИВ НА ВАРДАР - СРЕДНО ТЕЧЕНИЕ" ЗА ПЕРИОД 2011 - 2016. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. стр. 3-4“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2014-05-14.
- 1 2 3 Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 138
- ↑ Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр. 129
- ↑ Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Бабуна (река) на Ризницата ?
