Прејди на содржината

Боишка Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боишка Река
Местоположба
Физички особености
УстиеЦрна Река
Должина15 км
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море

Боишка Река или Катунишка Рекарека во Пелагонискиот Регион и притока на Црна Река.

Реката извира во северниот дел на планината Бигла, на надморска височина од 1.430 м. По течението на реката, таа собира неколку притоки главно од левата страна, меѓу кои најзначајни се Пакатска, Церовска и Вировска Река. Од десната страна најзначајна притока е Мреношка Река. Во горниот тек е позната под името „Катунишка Река“. Се влева во Црна Река од нејзината десна страна.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8.