Браната е изградена од насипан камен, нејзината височина од темелот е 90 м, а од речното корито 82,5 м. Таа во основата е долга 270 м, на круната 202 м, а широчината на круната изнесува 6 м. Езерото е долго 12 км, најголемата широчина е 350 м, а просечната широчина 224 м. Во наведените рамки тоа зафаќа површина од 2,69 км2. При кота на максимално ниво на езерската вода (691,5 м) во него може да се акумулираат 68,3 х 106 м3 вода, при кота на нормално ниво (687 м) по 57,8 х 106 м2, а при кота на минимално ниво (682 м) се акумулираат 13,0 х 106 м3 вода. Наменето е за производство на електрична енергија преку хидроцентралата со моќност од 41,6 MW и за регулирање на протокот на Црн Дрим и нивото на низводно сместеното езеро Шпилје, со кое формира единствен електроенергетски систем.[2]