ХЕЦ Глобочица
Координати: 41°23′39.3″N 20°35′08″E / 41.394250° СГШ; 20.58556° ИГД
Глобочица — хидроелектрана од деривационен тип по горното течение на реката Црн Дрим, односно на истоименото езеро.[1]
Особености[уреди | уреди извор]
Браната е на околу 22 км северно од Струга. Акумулацијата е за неделно израмнување на водите. Доводот на водата до турбините е со тунел долг 7.721 м. Градена е во периодот 1961–1965 година,[2] а со работа започнала во 1965 година. Има два еднакви агрегата со вкупна инсталирана моќност 42 MW. Турбините се од типот францис. Во периодот 1992–2003 година, просечното годишно производство изнесувало 144,1 GWh, а најголемото било во 1996 година и изнесувало 229,6 GWh.[3]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„ХЕЦ Глобочица“ на Ризницата ? |
- Профил на електраната на страницата на ЕЛЕМ
- Можноста на Глобочица Архивирано на 11 март 2016 г.
|