Парк на ветерни електрани „Богданци“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ветропарк „Богданци“
Поглед на ветерните турбини во паркот
Парк на ветерни електрани „Богданци“ is located in Македонија
Местоположба на ПВЕ „Богданци“ во Македонија
НазивПарк на ветерни електрани „Богданци“
ЗемјаМакедонија
МестоБогданци
Координати41°13′43.4″N 22°33′46.8″E / 41.228722° СГШ; 22.563000° ИГД / 41.228722; 22.563000Координати: 41°13′43.4″N 22°33′46.8″E / 41.228722° СГШ; 22.563000° ИГД / 41.228722; 22.563000
Изградбата почнала18 мај 2013
Трошок на изградба55,5 мил.
СопственикЕлектрани на Македонија
Информации за турбините
Турбини16
ПроизведувачСименс Данска
Висина на столбот80 м
Пречник на роторот93 м
Снослива ветрова брзина13-19 врт/мин
Информации за ветропарк
Прос. надм. вис. на теренот424 м
Земјишна површинаРанавец
Информации за произодството
Построен капацитет36,8 МВт
Годишно производство100 ГВтч

Парк на ветерни електрани „Богданци“ (ПВЕ „Богданци“), познат и како Ветропарк „Богданци“) — ветропарк крај градот Богданци, југоисточна Македонија. Започнал со градба во мај 2013 година и бил завршен за нешто помалку од една година, во февруари 2014 година.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ветропаркот „Богданци“ се наоѓа крај гратчето Богданци, на ридот Ранавец, кое се издига над Богданци. Ветропаркот зафаќа површина од 29 хектари.

Изградба[уреди | уреди извор]

Прва фаза[уреди | уреди извор]

Првата фаза на проектот завршила со целосното подигнување и комплетирање на сите 16 предвидени ветерници во февруари 2014 година, додека во март 2014 година течеле активностите за нивно поврзување со електропреносната мрежа на МЕПСО.[1][2] По поврзувањето следувал пробен период во кој се испитувало нивното работење и проверка на целокупната техничка опрема, по што капацитетот влегол во редовно производство.

Во текот на март 2014 година била завршена и потребната инфраструктура и придружни објекти на ветропаркот, како што е патната инфраструктура, приклучување на новиот далновод, командната зграда и 20/110-киловолтната трафостаница.

Втора фаза[уреди | уреди извор]

Во планирата втора фаза на проектот, се предвидува негово заокружување со уште шест ветерници, со кои инсталираната моќност на овој енергетски капацитет ќе се искачи на 50 мегавати, од кои годишно ќе може да се добиваат околу 125 гигават-часови зелена енергија.

Во 2018 година биле обезбедени финансии за отпочнување на втората фаза од проектот. Финансирањето било од германската банка КфВ во износ од 18 милиони евра, додека Електрани на Македонија ќе обезбеделе 3 милиони евра сопствени средства.[3]

Финансирање[уреди | уреди извор]

Целокупниот проект за изградба на првиот ветерен парк во Македонија чинел 55,5 милиони евра, од кои околу 47,9 милиони евра (86,3%) се заем од Владата на СР Германија преку банката КфБ, додека останатите 7,6 милиони евра (13,7%) претставуваат сопствени средства на ЕЛЕМ.[4]

Пуштање во употреба[уреди | уреди извор]

Пробен период[уреди | уреди извор]

Пробниот период започнал со нивното поврзување со електропреносниот систем на Македонија, а по неговото завршување, ветерниците влегуваат во редовно производство. Ветерниците биле приклучени во дистрибутивната мрежа за електрична енергија на 21 март 2014 година.[5]

До 10 август 2014 година, ветропаркот испорачал 31 милион киловат-часови електрична енергија, што претставува една третина од неговото планирано годишно производство, односно околу 100 милиони киловат-часови струја, која е еднаква количина за задоволување на годишните потреби од струја на град од околу 60.000 жители.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Заврши монтажата на ветерниците во Богданци, наскоро во производство“, „Дневник“, МПМ Македонија, 21 март 2014 (посет. 17 јануари 2015 г). (на македонски)
  2. Се исправија првите ветерници во Македонија“, „Нова Македонија“ (посет. 17 јануари 2015 г). (на македонски)
  3. „Oбезбедени средства за втората фаза од изградбата на ветропаркот „Богданци““. build.mk. конс. 2018-12-14. 
  4. Ветерниците во Богданци наскоро ќе прават струја“, „Дневник“, МПМ Македонија, 21 март 2014 (посет. 17 јануари 2015 г). (на македонски)
  5. Утре се приклучуваат ветерните електрани во мрежата на ЕВН, четири града два часа без струја“, „Дневник“, МПМ Македонија, 19 март 2014 (посет. 17 јануари 2015 г). (на македонски)
  6. Ветерниот парк „Богданци“ испорача 31 милион квч струја“, „Дневник“, МПМ Македонија, 10 август 2014 (посет. 17 јануари 2015 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]