ХЕЦ Света Петка

Координати: 41°55′29″N 21°15′50″E / 41.92472° СГШ; 21.26389° ИГД / 41.92472; 21.26389
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други значења на поимот Света Петка видете на појаснителната страница
ХЕЦ Света Петка
Поглед на браната на ХЕЦ „Света Петка“
ХЕЦ Света Петка во рамките на Македонија
Местоположба на ХЕЦ „Света Петка“ во Македонија
НазивХидроелектрична централа „Света Петка“
ЗемјаМакедонија Македонија
Месторека Треска
Координати41°55′29″N 21°15′50″E / 41.92472° СГШ; 21.26389° ИГД / 41.92472; 21.26389
Статусфункционална
Изградбата почнала2006 (2006)
Трошок на изградба75 милиони
СопственикЕлектрани на Македонија
ОператорЕлектрани на Македонија
КонструкторСловенија Рико
Подизведувачи
Македонија Гранит
Македонија Бетон
Информации за акумулацијата
Горна акумулацијаСвета Петка
Зафатнина9,1 милион м³
Искористена зафатнина1,1 милион м³
Надморска височина362,2 м
Површина0,62 км²
Информации за пумпна електрана
Пумпни генератори2
Информации за произодството
Построен капацитет36,4 MW
Годишно производство43 GWh

Света Петка (позната и под името Матка 2) — акумулациска хидроцентрала на долниот тек на реката Треска, југозападно од Скопје, односно на истоименото езеро. Браната и хидроцентралата „Света Петка“ се наоѓаат на реката Треска. Централата е сместена помеѓу поголемата ХЕЦ Козјак и помалата ХЕЦ Матка, со што се заокружил хидросистемот „Козјак-Матка“ и целосно се искористил хидропотенцијалот на реката Треска.

Хидроцентралата била пуштена во употреба на 1 август 2012 година со моќност од 36,4 мегавати.[1]

Именување[уреди | уреди извор]

Централата го носи името „Света Петка“, сместена во непосредна близина и на истоименото село.

Покрај официјалното име, поради тоа што е сместена зад најстарата брана „Матка“ и е многу подоцна изградена, оваа хидроцентрала многу често е именувана како „Матка 2“.[2]

Градба[уреди | уреди извор]

Хидроцентралата е поставена на реката Треска, поставена во суров и непристапен терен. Воедно, ограниченоста на теренот барале примена на сложени организациски и градежни техники. Главен изведувач на проектот било словенечкото претпријатие „Рико“, додека подизведувачи биле македонските градежни претпријатија Бетон и Гранит.[1]

Првите градежни зафати за централата започнале во февруари 2004 година, кога претпријатијата „Маврово инженеринг“ и „Бетон“ го пробија пристапниот пат и ги изградија опточниот тунел и преливната шахта. Според првичните планови, централата требало да биде завршена уште во 2009 година.[3] Словенечкиот Рико започнал со својот дел од работите во јуни 2006 година, но оттогаш изградбата била проследена со многубројни проблеми и застои.[2]

Договорот за градба на хидроцентралата бил потпишан во текот на 2005 година.[1]

Градбата на хидроцентралата започнала во 2006 година и траела шест години. Со пробна работа хидроцентралата била пуштена во употреба во 2012 година. Градбата на целокупниот зафат вредел 75 милиони евра.[1] Официјалниот почеток со работа на централата бил на 1 август 2012 година.[4] Централата била отворена во присуство на тогашните Никола Груевски и Влатко Чингоски, премиер и генерален директор на Електрани на Македонија, соодветно.[5]

Финансирање[уреди | уреди извор]

Инвестицијата за овој зафат на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) требало да чини околу 64 милиони евра, од кои 41 милион биле кредитно задолжување и 23 милиони евра сопствени средства.[2]

Доцнењето на градбата, ЕЛЕМ го платил со финансиски пенали кон словенечкиот изведувач Рико во висина од 10 милиони евра, поради што вкупните трошоци за електраната се искачиле на 75 милиони евра.[1] Иако и словенечката компанија требало да му плати отштета на ЕЛЕМ според одлуката на тројца арбитри од Комисијата за разрешување спорови, по пребивањето на отштетите, ЕЛЕМ останало да му доплати на Рико, дополнителни 10 милиони евра.[6]

Електрана[уреди | уреди извор]

Хидроцентралата имала инсталирана моќност од 36,4 мегавати со годишно проектирано производство од 43 гигават-часови. Според некои проценки, ова би било доволно за снабдување на 40.000 граѓани.[1]

Централата е целосно автоматизирана, со што нејзината работа се набљудува далечински.

Функција[уреди | уреди извор]

Со отворањето на хидроцентралата „Света Петка“ се заокружил подсистемот „Козјак-Матка“ на повеќенаменскиот хидросистем „Скопско Поле“, кој има основна намена да го искористува хидропотенцијалот на истечните води на ХЕЦ Козјак и локалните води од сливот на реката Треска. Покрај ова, акумулацијата треба да овозможи постојано пререгулирање на дневните истечни води на ХЕЦ Козјак, со што централата ќе има функција на проточна хидроцентрала меѓу постојните ХЕЦ Козјак и ХЕЦ Матка.[1]

Воедно, со изградбата на централата, целосно се искористил хидропотенцијалот на реката Треска.[4]

Црква[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на браната е изграден параклис посветен на Света Петка.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Ма., В. (31 јули 2012). „Светна ХЕЦ "Света Петка". Вечер. Скопје: Вечер Прес. Посетено на 19 јануари 2017.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 2,2 „Конечно се подига браната Света Петка“. build.mk. 31 март 2011. Архивирано од изворникот на 2018-08-08. Посетено на 19 јануари 2017.
  3. Стојковски, Предраг (12 март 2012). „ХЕЦ „Света Петка". Енергетска ефикасност. Скопје. Архивирано од изворникот на 2018-08-06. Посетено на 19 јануари 2017.
  4. 4,0 4,1 „ХЕ Света Петка“. Електрани на Македонија. Посетено на 19 јануари 2017.
  5. „ХЕЦ Света Петка почна да работи“. МКД.мк. Скопје. 1 август 2012. Посетено на 19 јануари 2017.[мртва врска]
  6. Попоска, Катерина (9 ноември 2012). „ХЕЦ Света Петка на тест: ученикот добар, наскоро ќе нè осветли!“. Фактор. Скопје. Посетено на 19 јануари 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]