ХЕЦ „Вруток“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ХЕ „Вруток“)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Хидроелектрична централа „Вруток“ — дел од хидро-електросистемот ХЕЦ Маврово,[1][2] со вкупен капацитет од 150 MW.[3] Во 2014 година била извршена модернизација на сите четири агрегати и на придружната опрема, со што моќноста на електроцентралата била зголемена за дополнителни 18,3 мегавати и годишно производство од околу 50 гигават-часови. Модернизацијата била финансирана од ЕЛЕМ (9,5 милиони евра) и со кредит од банката KfW (27,1 милиони евра).[4]

ХЕ Вруток е акумулациона хидроелектрична ценграла со инсталирана  моќност од 41,4 MW по агрегат, или вкупно 165,6 MW. Просечното годишно производство на електрична енергија е 350 GWh, а просечниот годишен доток е 278.000.000 м3 вода.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ј.П. Електростопанство на Македонија, 50 години македонско електростопанство, Скопје, 1995;
  2. esmak.com.mk, Ј.П. Електростопанство на Македонија, Скопје, пребарано на 28 август 2010
  3. 2011.10.31 „Градежен Институт“ ќе врши геолошки испитувања за Луково Пол plusinfo.mk
  4. ”Зголемена инсталираната моќност на ХЕЦ Вруток”, Дневник, година XVIII, број 5530, петок, 1 август 2014, стр. 9.