ТЕЦ „Неготино“

Од Википедија — слободната енциклопедија
ТЕЦ „Неготино“
Поглед на централата
ТЕЦ „Неготино“ is located in Македонија
Местоположба на ТЕЦ „Неготино“ во Македонија
НазивТермоелектроцентрала „Неготино“
Земја Македонија
МестоТремник, Општина Неготино
Координати41°29′2″N 22°05′21″E / 41.48389° СГШ; 22.08917° ИГД / 41.48389; 22.08917Координати: 41°29′2″N 22°05′21″E / 41.48389° СГШ; 22.08917° ИГД / 41.48389; 22.08917
Статуснеактивна
Изградбата почнала1978
СопственикЕЛЕМ
ОператорЕЛЕМ
Информации за електраната
Главно горивомазут
Информации за произодството
Построен капацитет195 мегавати
Макс. капацитет215 мегавати
Страница tecnegotino.com.mk
„ладна резерва на Македонија“

Термоелектроцентрала Неготино или скратено само ТЕЦ „Неготино“ — термоелектрична централа во близина на селото Тремник, на околу 6,5 км југоисточно од градот Неготино, во средишниот дел на Македонија. Централата работи на мазут и служи како „ладна резерва“ во рамките на електропреносниот систем на Македонија. Централата претставува втор електроенергетски објект по големина со расположлива производствена моќност од 195 мегавати и максимална моќност од 215 мегавати.

Изградба[уреди | уреди извор]

Термоелектроцентралата Неготино била завршена и почнала со работа во текот на 1978 година.[1]

Производство[уреди | уреди извор]

Капацитет[уреди | уреди извор]

Централата со нејзината моќност од 195 мегавати, дневно може да преработи 1.200 тони мазут и од него за 24 часа да произведе 4.680 мегават-часови електрична енергија, со што може да се задоволат дури 20% од македонската потрошувачка на електрична енергија.[1]

Главно, капацитетот и самото производство останува минимално во текот на годината, бидејќи цената на мазутот е висока и поради произведената цена од оваа централа би била нерентабилна. Најчесто, дури и самиот увоз на електрична енергија е поевтин извор за снабдување со струја отколку користењето на оваа централа.

Трошоци за одржување[уреди | уреди извор]

Самата централа работи само по потреба, односно само во исклучителни ситуации, најмногу поради нејзиното гориво и скапата произведена цена на чинење на еден киловат час електрична енергија. Но, и покрај тоа, централата вработува повеќе од 200 лица и за неа дневно се двојат 10.692 евра, односно годишно околу 2,8 милиони евра.[1]

Планови[уреди | уреди извор]

Уште од нејзиното пуштање со работа во 1978 година, постоеле размислувања централата да се пренамени и да биде сменето нејзиното гориво, од мазут на гас. Идејата се засилила по последните десетина години. Со отпочнување на изградбата на гасоводот од Клечевце до Неготино, планот за пренамена на централата да работи на гас, станува остварлив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „За да не работи ТЕЦ Неготино, плаќаме 10.700 евра дневно!“. Мкд.мк. 17 април 2012. Посетено на 14 април 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]