Википедија:Уредувачки денови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки денови.svg
Кратенки:
ВП:УД

Уредувачки денови — проект на здружението на граѓани Споделено знаење и Википедија на македонски јазик. Проектот се состои од одредување на ден за уредување на претходно определена тема чија цел е подобрување на постоечките и создавање нови статии од различни области на Википедија на македонски јазик од страна на учесниците.

Правила[уреди извор]

Во уредувачкиот ден право на учество имаат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик. Уредувањата на корисници со IP-адреса нема да бидат земени предвид.

Времетраењето на потфатот е од 00:00 (CET или CEST) до 23:59 (CET или CEST) на денот којшто е одреден за уредувачки. Сите уредувања што се забележани надвор од оваа временска рамка нема да бидат земени предвид.

Статиите коишто се предмет на уредување мора да бидат поврзани со темата на уредувачкиот ден. Со цел да се олесни изборот на тема за уредување и да се спречи истовременото уредување на една иста тема од страна на повеќе корисници, обично се прават списоци со дадени теми кои им стојат на располагање на учесниците за уредување.

Предмет на уредување во уредувачкиот ден се: 1) статии кои не постојат на Википедија на македонски јазик (создавање на нови статии) и 2) постоечки статии на Википедија на македонски јазик (подобрување на статии).

Список на уредувачки денови[уреди извор]

2016[уреди извор]

2017[уреди извор]

2018[уреди извор]

2019[уреди извор]

Поврзано[уреди извор]