Јабланица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Оваа статија се однесува за планината Јабланица. За други значења видете Јабланица (појаснување).
Јабланица
Jablanica Gorna Belica.jpg
Поглед на Јабланица од с. Горна Белица
Највисока точка
Надм. вис. 2.258 м
Матичен врв Црн Камен
Координати 41°12′05″ СГШ 20°32′49″ ИГД / 
Географија
Јабланица се наоѓа во Македонија
Јабланица
Местоположба на Јабланица во Македонија
Место Македонија Македонија
Област MK

Јабланица e висока планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од реката Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро.

Местоположба и правец на протегање[уреди | уреди извор]

Јабланица е втора по големина планина во западната Шарска област[1]. По сртот на планината се протега македонско-албанската граница, при што источната падина е во Македонија, а западната падина од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 м за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 м.Највисок врв е Црн Камен, со 2.258 м. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак (2.233 м), Крстец (2.186 м) и Чумин Врв (2.125 м).

До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Оддалечена е 14 км од Охридското Езеро и градот Струга. На Македонија ѝ припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец од север кон југ со должина на планинското било од околу 35 км, а најголемата широчина во Македонија изнесува 7,5 км. На македонска страна зафаќа површина од 255 км².

Јабланица ужива популарност кај планинарите, кои често ја посетуваат. Покрај тоа, на планината се гради и скијачки центар.[2]

Градба и геологија[уреди | уреди извор]

Ова е млада венечна планина, образувана со тектонските олигомиоценски движења[1]. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници[1]. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни леднички облици. За време на ледениот период, високите делови биле зафатени cо интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири леднички езера: Вевчанско, Подгорско и Горно и Долно Лабунишко.


Ресурси[уреди | уреди извор]

Планината е богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се Вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај селото Пискупштина.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Стојмилов, Александар (2011) (на македонски). Географија на Република Македонија. Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 56. 
  2. Ќе се гради зимски центар на Јабланица“, Нова Македонија, 13 октомври 2013 (конс. 2 март 2014 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]