Охридско-струшка Котлина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Охр.-стр. Котлина во рамките на Македонија
Охр.-стр. Котлина
Местоположба на Охридско-струшката Котлина во Македонија

Охридско-струшка Котлинакотлинска целина во југозападна Македонија и прекуграничите предели во Албанија. најмногу го зафаќа просторот на басенот на Охридското Езеро. Тектонски предиспонирана котлината е ограничена со водоразделните линии по планините: Стогово со Караорман, Илинска и Плакенска, Галичица, Мокра и Јабланица. Изземајќи ја водната површина на езерото, котлината зафаќа 1.318,3 км2. Рамничарските предели лежат на надморска височина од 600 до 800 м и зафаќа 204,9 км2, од кои речиси половината се во појасот од 690 до 700 м.[1]

Поделба[уреди | уреди извор]

Според морфологијата, како посебни просторни целини во Охридско-струшката Котлина се издвојуваат следниве подрачја:[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). „Охридско-струшка Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 129-130. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Маркоски, Благоја (2005). „Картографско дефинирање и диференцирање на котлинските просторни целини во Република Македонија“ (PDF). Билтен на заводот за физичка географија. Скопје: ПМФ. 2 (2005): 61–62. ISSN 1409-8288.

Координати: 41°2′N 20°43′E / 41.033° СГШ; 20.717° ИГД / 41.033; 20.717