Лебница (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лебничка Река)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лебница или Лебничка река — река во источна Македонија, десна притока на Струма.

Извор, течение и устие[уреди | уреди извор]

Извориштето се наоѓа под врвот Огражденец (1.744 метри), највисок на планината Огражден. Тече меѓу Малешевските Планини и Огражден со што представува нивна природна меѓа. Реката се влева во Струма кај селото Лебница.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Вкупниот тек од изворот до утоката изнесува 50 км, од кои 8 на територијата на Р. Македонија во нејзиниот источен дел, останатите 42 км во југозападниот дел на Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Сливната површина изнесува 318 км2. Има среден проток од 2,64 м3, со горна граница од околу 101 м3 (заб. 1953 г.). Поголеми притоки се: од десната страна — Тролски Дол, а од левата страна — Црвилска и Добрилачка Река. Во нејзините води живее пастрмка.

Значење[уреди | уреди извор]

Се користи за наводнување. На левиот брег се наоѓа резерватот „Соколата“. Поголем дел од долината на реката е зафатен од заштитената мрежа „Натура 2000“.