Климештани
Климештани — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Климештани се наоѓа во областа Дебрца, во подножјето на Караорман.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Климештани живееле 80 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Климештани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Климештани живеат 57 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80[1] | 80[2] | 133 | 145 | 156 | 156 | 150 | 115 | 57 | 57 |
Родови[уреди | уреди извор]
Климештани е македонско православно село, селото не е многу старо, настанато е околу 1840 година.[5]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940тите, родови во селото:
- Староседелци: Белевци (10 к.), Којовци (3 к.) и Крушаровци со Јолевци (3 к.)
- Доселеници: Поповци или Цветковци (4 к.) за нивното потекло има две преданија, според првото доселени се од кичевско, а според второто припаѓаат на родот Поповци во Мешеишта; Крстановци (4 к.) доселени се од струшкото село Ложани, каде припаѓале на родот Шурдовци.[6]
Според истражувањата од 1977 година, родови во селото се:
- Доселеници: Белевци (15к.) еден од трите најстари родови во селото, доселени се од сега раселеното село Црско кое постоело во атарот на селото Поум; Крушаровци (4 к.) доселени се кога и Белевци, доселени се од селото Куратица; Крстановци (2 к.) доселени се кога и претходните два рода, доселени се од селото Волино; после овие 3 рода во селото се населиле Наумовци (3 к.) и Димитриевци (2 к.) доселени се од селото Мешеишта, во родот Димитриевци се знае следното родословие: Аргир (жив на 73 г. во 1980 година) Коста-Лазо-Димитрија кој се доселил од Мешеишта. Во Мешеишта припаѓале на родот Поповци.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1348 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.[8]
Иселеништво
Постари иселеници од селото има во Северна Америка (1 семејство) од 1923 година, и во Романија (2 семејства) од 1904 година.[6]
Иселеништвото продолжило помасовно после 1960 година и има иселеници во Охрид и Австралија.[5]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 164-165.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ 6,0 6,1 . Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Климештани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Климештани на Карти на Гугл
|