Горенци (Охридско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горенци
Горенци is located in Македонија
Горенци
Местоположба на Горенци во Македонија
Координати 41°11′25″N 20°45′27″E / 41.19028° СГШ; 20.75750° ИГД / 41.19028; 20.75750Координати: 41°11′25″N 20°45′27″E / 41.19028° СГШ; 20.75750° ИГД / 41.19028; 20.75750
Општина Coat of arms of Debarca Municipality.svg Дебарца
Население 316 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1.077 m. м

Горенци е село во Општина Дебарца. Според пописот од 2002 година, во селото имало 316 жители.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Горенци се наоѓа во Струшкото Поле, на 13 км северозападно од Охрид.

Историја[уреди | уреди извор]

Според податоците од 1873 година, селото имало 37 домаќинства со 87 жители христијани (Македонци) и 16 муслимани.[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 130 жители христијани (Македонци).[2]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 316 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]

Националност Вкупно
Македонци 169
Турци 0
Роми 0
Албанци 145
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 466
1953 276 234 2 512
1961 312 277 589
1971 316 283 1 5 605
1981 365 192 53 610
1991 304 181 485
1994 220 149 369
2002 169 145 2 316

Родови[уреди | уреди извор]

Горенци е мешано македонско православно и албанско муслиманско село. Селото е настанато во почетокот на XIX век.[5]

Македонски родови се: Ситниковци (8 к.), најстар род во селото; Ивановци (2 к.) по старост се втори во селото, доселени се од селото Волино; Петревци (1 к.) трет најстар род во селото; Чолевци (11к.) доселени се од селото Куратица во овој род се знае следната генеологија Лазо (жив на 42 год. во 1980 година) Ристо-Косто понатамошните претци не ги знаат; Николовци (3 к.) и Андреевци (2 к.) доселени се од дебрчкото село Велмеј; Скокљевци (9 к.), Мицковци (3 к.), Климовци (6 к.), Тодоровци (5 к.), Блажевци (2 к.), Стојчевци (2 к.) и Крстановци (2 к.) се со непознато место на старина; Петревци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Косељ.

Албански родови се: Таировци (7 к.); Бајрамовци (3 к.); Бељуљовци (2 к.) и Мустафовци (1 к.), четирите најстари албански родови во селото, само во родот Бељуљовци порано домашен јазик бил турскиот; Биба (10 к.) доселени се од селото Поум, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло од селото Бибај во околината на Пешкопеја ја знаат следната генеологија Илмија (жив на 70 год. во 1980 година) Демир-Асан во селото Горенци се доселил споменатиот Демир; Дервишовци (3 к.) името го добиле по предокот Дервиш, овде се доселени од наведениот Поум, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло им е од околината на Скадар, од Скадар отишле најпрво во областа Мат, па од таму во Поум, ја знаат следната генеологија Велија (жив на 86 год. во 1980 година) Амет-Љатим-Бајрам-Амет-Дервиш во селото Горенци дошол Љатив, додека Бајрам дошол во Поум; Исе (7 к.) доселени се од селото Мислодежда, подалечно потекло од околината на Пешкопеја и Бургад (6 к.) доселени се од охридското село Велестово, потекнуваат од Торбеш, порано куќниот јазик во овој род бил македонскиот, името на родот настанал по предокот Бајрам кој одел на „гурбет“ во Бургас.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  2. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670251582. OCLC 27418468. http://worldcat.org/oclc/27418468. 
  6. "За училиштето". македонски: ОУ „Дебарца“ - Белчишта. конс. 22 август 2016. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]