Демирхисарска Котлина
Изглед
„Демир Хисар (котлина)“ води овде. За други значења на поимот, видете Демир Хисар (појаснување).
Демирхисарска Котлина — котлина во областа Железник, во горното сливно подрачје на Црна Река, од изворишните делови до селото Бучин (влезот на Црна во Пелагонија). Ограничена е со водоразделните линии по Бушева Планина, Баба Сач, Илинска, Плакенска и Бигла со нивните разграноци[1]. Повисоките предели на котлината изобилува со засеци, кои ја делат на неколку посебни целини. Зафаќа вкупна површина од 645,3 км2 од кои на рамничарскиот дел отпаѓаат 66,8 км2 и лежат на надморска височина од 600 до 700 м.[1]
Во котлината се издвојуваат следниве целини:
- Церско Поле — карстното поле, вклуч. Краста или Горни Железник
- Долни Железник
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Група автори (2016). „Демирхисарска Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 133. ISBN 978-9989-110-90-0.
41°13′51″N 21°12′43″E / 41.23083° СГШ; 21.21194° ИГД