Гевгелиско-валандовска Котлина
Гевгелиско-валандовска Котлина — котлина во областа Бојмија, јужна Македонија и преку границата со денешна Грција. Ограничена е со водоразделните линии по планините Кожуф, Марјанска, Плауш, Беласица, Боска и Кара Балија. Се простира по течението на Вардар од селото Удово на север до Циганската Клисура на југ, која се наоѓа во Кукушкиот округ, Егејска Македонија. Котлината зафаќа вкупна површина од 1000 км2, а се протега на надморска височина од 46 до 2.100 м.[1] Ова е едно од најтоплите места во Р. Македонија; се одликува со изменетосредоземноморска клима[2] со средногодишна темепратура од 14,2 °C и годишни врнежи од 694,6 мм.[3]
Содржина
Поделба[уреди | уреди извор]
- Валандовско Поле — на надморска височина од 50 до 200 м и зафаќа 115 км2
- Гевгелиско Поле — на надморска височина од 46-200 м и зафаќа 249,4 км2[1]
Плавини[уреди | уреди извор]
Поради големата висинска меѓу дното на котлината и највисоките делови на Кожуф, реките носат големи количини материјал, кој го таложат во облик на плавини. Особено се истакнуваат геолошки поновите плавини на реките Конска, Кованска и Серменинска, на кои се расположени населени места.
Ридови[уреди | уреди извор]
Котлината има повеќе ридови високи од 30 до 50 м. Позабележителни се:
- Вардарски Рид кај железничката станица
- Мрзенечко Брдо кај с. Мрзенци
- Рудина Чука кај с. Стојаково
- Голо Брдо кај некогашното с. Побрегово
- Литивка кај с. Богородица
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Група автори (2016). „Гевгелиско-валандовска Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата. Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 131. ISBN 978-9989-110-90-0. http://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2016/12/STUDIJA_PRIRODA.pdf.
- ↑ Климата во Република Македонија, Студија за геодиверзитетот, стр. 24
- ↑ „Гевгелиско-валандовска Котлина“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 340-341. (2009). Скопје: МАНУ.