Кованска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кованска Река
Викиекспедиција Бојмија 076.jpg
Поглед на реката од патот кон селото Кованец
Слив
Главен изворКожуф (од Флора)
1700 м
УстиеВардар (кај Прдејци)
53 м
41°13′08.0″N 22°30′14.7″E / 41.218889° СГШ; 22.504083° ИГД / 41.218889; 22.504083Координати: 41°13′08.0″N 22°30′14.7″E / 41.218889° СГШ; 22.504083° ИГД / 41.218889; 22.504083
Вис. разлика1647 м
ТечениеВардарЕгејско Море
Сливна повр.62 км2
Физички особености
Должина24 км

Кованска Рекарека во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар.

Течение[уреди | уреди извор]

Кованска Река извира од месноста Флора на планината Кожуф, на надморска височина од 1.700 м. Ја одминува месноста Брлово, примајќи ја Брловска Река, па продолжува по падините на Кожуф најпрвин во правец југозапад-североисток, а потоа кај месноста Високи Камен свртува и продолжува во правец северозапад - југоисток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Кованец и Прдејци, а во Вардар се влева од нејзината десна страна, во близина на селото Прдејци, на надморска височина од 53 м.[1][2]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 24 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 62 км2 и истото припаѓа на Егејскиот слив. Реката извира на надморска височина од 1700 м, а се влева на височина од 53 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1647 м, а просечниот релативен пад 69 ‰.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, како долгорочно решение за трајно решавање на проблемот на Општина Гевгелија била педложена изградба на брана на Кованска Река, сместена под селото Кованец, на надморска височина од 149 м, со зафатнина од 14.400.000 м3.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Реката од патот кој води до селото Кованец

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014) (на македонски). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8. 
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - долно течение“ за период 2011-2011“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. конс. 27 мај 2017. 
  3. „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF) (македонски). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 45. конс. 29 мај 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]