Конска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Конска Река
Викиекспедиција Бојмија 001.jpg
Поглед на реката од мостот при влезот на селото Моин
Други имињаКоњска Река
Цреша
Слив
Главен изворКожуф (од Кичи Кај)
1520 м
УстиеВардар (кај Гевгелија)
44 м
41°08′33.5″N 22°31′37.2″E / 41.142639° СГШ; 22.527000° ИГД / 41.142639; 22.527000Координати: 41°08′33.5″N 22°31′37.2″E / 41.142639° СГШ; 22.527000° ИГД / 41.142639; 22.527000
Вис. разлика1476 м
ТечениеВардарЕгејско Море
Сливна повр.180 км2
Физички особености
Должина30 км

Конска Река, се среќава и како Коњска Река или Црешарека во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар. Таа е последната поголема притока на Вардар во Македонија.

Течение[уреди | уреди извор]

Конска Река извира од месноста Кичи Кај на планината Кожуф, на надморска височина од 1520 м. Нејзиното течение продолжува по падините на Кожуф во правец запад-исток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Конско, Ново Конско, Моин, како и јужно од градот Гевгелија. Се влева во Вардар од нејзината десна страна, во близина на Гевгелија, на надморска височина од 44 м.[1][2]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 30 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 180 км2 и истото припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1520 м, а се влева на височина од 44 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1476 м, а просечниот релативен пад 49‰.[2] Средниот годишен проток на реката изнесува 0,62 м3/сек.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Можностите за искористување на водите од Конска Река биле разгледувани уште во 1973 година, кога бил изработен идеен проект во кој биле одредени и анализирани неколку алтернативни решенија за користење на речните води заради обезбедување на бараното количество вода со најниски трошоци и најмало влијание врз животната средина. Со проектот било предвидено и изградба на брана на околу 20 км од вливот на реката во Вардар.[4] Предлогот за изградба на брана и хидроелектрана бил повторно актуализиран во Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, во којашто бил предвиден проект за изградба на ХЕЦ „Конска Река“ со моќност од 278 kW и планирано годишно производство од 1,1 милиони kW/h, како и проект за изградба на ХМС „Конска Брана“ со зафатнина од 20.000.000 м3.[5][6] Во 2014 година била изработена студија за оценка на влијанието од изградбата на браната „Конско“ врз животната средина.[7]

Галерија[уреди | уреди извор]

Реката од мостот кој води до селото Хума

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014) (на македонски). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8. 
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - долно течение“ за период 2011-2011“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. конс. 27 мај 2017. 
  3. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско“ со придружни објекти“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 65. конс. 27 мај 2017. 
  4. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско“ со придружни објекти“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 75. конс. 27 мај 2017. 
  5. „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF) (македонски). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 58. конс. 29 мај 2017. 
  6. „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF) (македонски). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 100. конс. 29 мај 2017. 
  7. „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско“ со придружни објекти“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 5. конс. 27 мај 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]