Југоисточен Регион
Изглед
(Пренасочено од Југоисточна Македонија)
| Југоисточен Плански Регион | ||
| Регион | ||
|
||
| Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во Републиката. | ||
| Земја | ||
|---|---|---|
| Површина | 2,739 км2 | |
| Население | 171,416 (2002) | |
| Основано | 2009 | |
| Часовен појас | UTC +1 | |
| Повикувачки бр. | 034 | |
| Oпштини | 10 | |
| Седиште | Струмица | |
| Раководител | Жулиета Ѓуркова | |
| Контакт | 034/ 340-139 | |
| Портал: Официјално мрежно место | ||
Југоисточен регион — еден од осумте плански региони на Македонија.[1] Овој регион се наоѓа во југоисточниот дел на државата и се граничи со Бугарија на исток и Грција на југ и внатрешно со Вардарскиот регион на запад и Источниот регион на север.
Регионот ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-Валандовската котлина односно сливното подрачје на реката Струмица, притока на Струма, и долното сливно подрачје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11% од територијата на државата.
Административен центар на регионот е градот Струмица.
Општини
[уреди | уреди извор]
Во овој регион има 10 општини, и тоа:
Демографија
[уреди | уреди извор]
Население
[уреди | уреди извор]Моментално оваа област има 171.416 жители.
| Попис | Население | Промена |
|---|---|---|
| 1994 | 167.941 | н/п |
| 2002 | 171.416 | +3,13 % |
Најголеми населени места
[уреди | уреди извор]| Ранг | Населено место | Население |
|---|---|---|
| 1 | Струмица | 35.311 |
| 2 | Радовиш | 16.223 |
| 3 | Гевгелија | 15.685 |
| 4 | Богданци | 6.011 |
| 5 | Валандово | 4.402 |
| 6 | Ново Село | 2.756 |
| 7 | Куклиш | 2.532 |
| 8 | Муртино | 2.209 |
| 9 | Василево | 2.174 |
| 10 | Банско | 1.992 |
Етнички групи
[уреди | уреди извор]Најголемата етничка група во овој регион се Македонците.
| Број | % | |
| Вкупно | 171.416 | 100 |
| Македонци | 154,957 | 90.39 |
| Турци | 12,661 | 7.38 |
| Срби | 1,194 | 0,69 |
| други | 2,604 | 1.51 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Југоисточен Регион“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Центар за развој на Југоисточен Регион Архивирано на 25 јули 2010 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонија и официјално поделена на региони“. Архивирано од изворникот на 2009-10-05. Посетено на 2010-11-01.
