Конско
Конско | |
Конско во 1931 г. | |
Координати 41°11′9″N 22°19′35″E / 41.18583° СГШ; 22.32639° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Гевгелија |
Област | Влахомеглен |
Население | 11 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1480 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06011 |
Надм. вис. | 789 м |
Конско на општинската карта Атарот на Конско во рамките на општината | |
Конско на Ризницата |
Конско — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, недалеку од градот Гевгелија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено под југоисточната падина на планината Кожуф.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 600 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 66,3 км2.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Конско било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]
Вкупно 12 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има полјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конско имало 560 жители, сите Власи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конско имало 640 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[7]
Селото било наполно раселено во 1994 година, а во 1991 година броело само еден жител.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Конско имало 4 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 10 Македонци и 1 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 560 | 640 | 111 | 72 | 19 | 4 | 2 | 1 | 0 | 4 | 11 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Конско се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Селото е опфатено во избирачкото место бр. 354 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом на селото Ново Конско.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[16]
- Црква „Св. Димитриј” — главна селска црква
- Реки[17]
- Конска Река — десна притока на Вардар
- Езера
- Конско Езеро — вештачко езеро во изградба
Личности
[уреди | уреди извор]- Никола Димитров Алчинов — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Георге Илков Камчев — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Трајко Аврамов Михов — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Мена Алчинова — учесник во НОВ на Македонија.
- Марика Алчинова — учесник во НОВ на Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 156. Посетено на 26 мај 2017.
- ↑ Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 мај 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|