Смоквица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смоквица
Викиекспедиција Бојмија 119.jpg

Панорама на селото од селската црква

Смоквица is located in Македонија
Смоквица
Местоположба на Смоквица во Македонија
Координати 41°15′33″N 22°28′12″E / 41.25917° N; 22.47000° E / 41.25917; 22.47000Координати: 41°15′33″N 22°28′12″E / 41.25917° N; 22.47000° E / 41.25917; 22.47000
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 263[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Надм. вис. 90 м
Смоквица на општинската карта
Смоквица во Општина Гевгелија.svg

Атарот на Смоквица во рамките на општината
Commons-logo.svg Смоквица на Ризницата


Смоквица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, во Гевгелиското Поле.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 90 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 15 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 24,3 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.716 хектари, на пасиштата отпаѓаат 293 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Историска панорама на селото од 1931 година

Во XIX век, Смоквица било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смоквица имало 560 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смоквица имало 624 жители.[4]

Селото е средно по големина, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 523 жители, а во 1994 година броело 326 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Смоквица имало 263 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 560 624 521 513 523 493 416 354 326 263
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Смоквица се наоѓале и селата Кованец, Негорци, Прдејци и Серменин.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 367 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 165 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[11]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Смоквица

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јуни 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 26 мај 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика.
  8. "ООУ „Климент Охридски"". македонски: ОУ „Климент Охридски“ - Миравци. Посетено на 9 јули 2017.
  9. "Описи на ИМ". Посетено на 29 декември 2019.
  10. "Претседателски избори 2019". Посетено на 29 декември 2019.
  11. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]