Богородица (Гевгелиско)
Богородица | |
![]() Сретселото во Богородица | |
Координати 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° N; 22.54889° EКоординати: 41°08′26″N 22°32′56″E / 41.14056° N; 22.54889° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 1.001[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1488 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06002 |
Надм. вис. | 55 м |
![]() |
Богородица — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа во областа Бојмија, на крајната јужна страна на Гевгелиското Поле, на територијата на Општина Гевгелија. Атарот на селото се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 55 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 3 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 15,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште со површина од 921,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 397,3 хектари, а на шумите само 43,4 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Богородица било христијанско-муслиманско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Граничниот премин „Богородица“ е отворен во 1973 година.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделска функција.[2]
Населението во Богородица претежно се занимава со земјоделство, особено одгледување на раноградинарски култури.
Инаку, во Богородица успешно работи и „Еуропорта“, фабрика за производство на сигурносни врати и решетки во која има вработено околу 40 луге претежно од селото.
Во последните неколку години околината на Богородица е посебно атрактивна за изградба на хотели-казина.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Богородица имало 890 жители, од кои 430 Македонци и 460 Турци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Богородица имало 632 жители.[4]
Богородица е големо село, со пораст на своето население. Во 1961 година, селото броело 821 жител, а во 1994 година бројот се зголемил на 1.011 жители, од кои 990 Македонци, 17 Срби и 2 Власи.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Богородица имало 1.001 жител, од кои 975 Македонци, 18 Срби, 7 Власи и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 890 | 632 | 616 | 663 | 821 | 894 | 960 | 1.011 | 1.011 | 1.001 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Богородица, во која Богородица било единствено село.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Богородица се наоѓале градот Богданци и селата Ѓавато, Селемли и Стојаково.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 355 според Државната изборна комисија, сместени во младински дом.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 762 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[10]
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, сместена во главниот дел на селото
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
ФК „Галејб АБ“ е фудбалска екипа која се натпреварува во регионалната лига.
Традиционален турнир во мал фудбал[уреди | уреди извор]
По повод панаѓурот 21.09 (Мала Богородица) секоја година се одржува Турнир во мал фудбал за деца на возраст од 9-16 години. На овој турнир секоја година земаат учество околу 400 деца (играчи) или околу 40 екипи од Општина Гевгелија и пошироко распоредени во 3 категории.
Турнирот се одржува под покровителство на Градоначалникот на Општина Гевгелија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 мај 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 32. Посетено на 26 мај 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 126-127.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Богородица (Гевгелиско) на Ризницата ?
|