Давидово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Давидово
Викиекспедиција Бојмија 100.jpg

Сретселото на Давидово

Давидово is located in Македонија
Давидово
Местоположба на Давидово во Македонија
Координати 41°19′55″N 22°25′41″E / 41.33194° СГШ; 22.42806° ИГД / 41.33194; 22.42806Координати: 41°19′55″N 22°25′41″E / 41.33194° СГШ; 22.42806° ИГД / 41.33194; 22.42806
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 373[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2464
Повик. бр. 034
Надм. вис. 95 м
Давидово на општинската карта
Давидово во Општина Гевгелија.svg

Атарот на Давидово во рамките на општината
Commons-logo.svg Давидово на Ризницата


Давидово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот северен дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото лежи на десната страна на реката Вардар и железничката линија. Атарот на селото се допира со териториите на општините Демир Капија и Валандово.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 95 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 33 километри.[2]

Неговиот атар е голем и зафаќа површина од 25,2 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.556,5 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 228,8 хектари, а на пасиштата само 153,5 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Давидово, 1931 г.

Во XIX век, Давидово било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Давидово имало 170 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Давидово имало 288 жители.[4]

Селото е средно по големина, без некои поголеми промени во населеноста. Во 1961 година селото броело 378 жители, а во 1994 година 364 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Давидово имало 373 жители, од кои 370 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 170 288 362 332 378 419 403 359 364 373
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Миравци, во која покрај селото Давидово се наоѓале и селата Габрово, Милетково, Миравци и Петрово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
Манастири

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 26 мај 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 91. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 26 мај 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]