Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово
Рождество на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Миравска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°8′26″N 22°32′52″E / 41.14056°N 22.54778°E |
| Место | Давидово |
| Општина | Гевгелија |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Пресвета Богородица |
| Изградба | 1860 |
| Зограф | Јордан Доневски во 1991 (второ зографисување) |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Рождеството на Пресвета Богородица — главна селска црква во гевгелиското село Давидово, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на работ од селото, на крајот од последните куќи.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната на зарамнето стрмно каменесто место.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била подигната пред 1860 година од страна на неимарот Андон Китанов. Денешната градба на црвата потекнува од 1926 година, кога старата црква била обновена.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. Покривната конструкција е на две води, која во наосот е потпрена на шест колони во два реда, по три столбови на јужната и на северната страна со капители. Сводовите на трите кораби се обновени во 1991 година. Црквата е изградена од обичен камен.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата поседува фрескоживопис. Тој бил обновен во олтарната апсида, од страна на зографот Јордан Доневски од село Гари, Дебарско, во 1991 година.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата поседува иконостас изработен во 1926 година, а иконите во него, според стилските одлики се од XIX век.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Помошен објект
- Чешма
- Камбанаријата
- Влезната порта
- Тремот
- Споредниот влез
- Главниот влез
- Ниша со фреска над влезот
- Апсидата
- Помошен објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 6 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Давидово на Ризницата ?


