Прејди на содржината

Мрзенци

Координати: 41°9′45″N 22°30′25″E / 41.16250° СГШ; 22.50694° ИГД / 41.16250; 22.50694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мрзенци

Поглед на новиот дел од селото

Мрзенци во рамките на Македонија
Мрзенци
Местоположба на Мрзенци во Македонија
Мрзенци на карта

Карта

Координати 41°9′45″N 22°30′25″E / 41.16250° СГШ; 22.50694° ИГД / 41.16250; 22.50694
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 525 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1480
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06016
Надм. вис. 50 м
Мрзенци на општинската карта

Атарот на Мрзенци во рамките на општината
Мрзенци на Ризницата

Мрзенци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото доаѓа од луѓето кои го населиле, а кои дошле таму од мрзен дол, каде што било ладно и мрзнело.[се бара извор]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Гевгелија, недалеку од градот Гевгелија, поради што припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 50 метри и е едно од најниските места во целата Република.[2]

Атарот е мал и зафаќа површина од 6,8 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 320 хектари, на пасиштата отпаѓаат 145 хектари, а на шумите отпаѓаат малку помалку од нив.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]
Поглед на Мрзенци во 1931 г.

Подрачјето на Мрзенци е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Манастир (Над Селото) на западниот крај на селото.[3]

Во XIX век, Мрзенци било село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото во основа има полјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948336—    
1953345+2.7%
1961360+4.3%
1971379+5.3%
1981444+17.2%
ГодинаНас.±%
1991478+7.7%
1994480+0.4%
2002461−4.0%
2021525+13.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мрзенци имало 680 жители, од кои 280 Македонци и 400 Турци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мрзенци имало 312 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Мрзенци е средно по големина село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 360 жители, а во 1994 година 480 жители, од кои 469 биле Македонци, 4 Срби и 7 останати.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мрзенци имало 461 жител, од кои 458 Македонци, 1 Србин, 1 Влав и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 525 жители, од кои 502 Македонци, 1 Албанец, 5 Срби, 1 останат и 16 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 680 312 336 345 360 379 444 478 480 461 525
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната градска општина Гевгелија, во која влегувале градот Гевгелија и селото Мрзенци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Мрзенци се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 352 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 398 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта
Реки[17]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 203. Посетено на 3 јуни 2017.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 110. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јуни 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  17. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]