Милетково

Координати: 41°17′1″N 22°27′44″E / 41.28361° СГШ; 22.46222° ИГД / 41.28361; 22.46222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Милетково

Куќи во селото Милетково

Милетково во рамките на Македонија
Милетково
Местоположба на Милетково во Македонија
Милетково на карта

Карта

Координати 41°17′1″N 22°27′44″E / 41.28361° СГШ; 22.46222° ИГД / 41.28361; 22.46222
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 113 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06013
Надм. вис. 95 м
Милетково на општинската карта

Атарот на Милетково во рамките на општината
Милетково на Ризницата

Милетково — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Се наоѓа во Гевгелиското Поле, од десната страна на реката Вардар и непосредно до автопатот Скопје-Гевгелија.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 95 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 25 километри.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Милетково, 1931 г.

Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.[3]

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[4]

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа површина од 6,4 км2. На него преовладуваат шумите кои зафаќаат површина од 313 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 193 хектари, а на пасиштата само 84 хектари.[2]

Селото има полјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948154—    
1953139−9.7%
1961128−7.9%
1971165+28.9%
1981162−1.8%
ГодинаНас.±%
1991120−25.9%
1994122+1.7%
2002117−4.1%
2021113−3.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Милетково имало 140 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Милетково имало 176 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Селото е мало, коешто во 1961 година броело 128 жители, а во 1994 година 122 жители, од кои 113 биле Македонци и 9 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Милетково имало 117 жители, од кои 107 Македонци и 10 Срби.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 113 жители, од кои 110 Македонци и 3 Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 176 154 139 128 165 162 120 122 117 113
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Милетково било христијанско село во Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1955, селото било во рамките на некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 363 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 95 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[17]
  • Градишор — населба и некропола од раноантичкото и римското време;
  • Гробишта — сакрален објект од римското време;
  • Лозјата — водовод од римското време;
  • Манастир — населба од римското време; и
  • Смреков Рид — населба од хеленистичкото и римското време.
Цркви[18]
Споменици

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 196. Посетено на 26 мај 2017.
  3. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 954-9514-56-0
  4. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 мај 2017.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 9 октомври 2021.
  17. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 101. ISBN 9989-649-28-6.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]