Негорци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Негорци
Викиекспедиција Бојмија 074.jpg

Панорама на селото

Негорци се наоѓа во Republic of Macedonia
Негорци
Местоположба на Негорци во Македонија
Координати 41°11′20″ СГШ 22°28′37″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 2.047[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1483
Повик. бр. 034
Надм. вис. 70 м
Commons-logo.svg Негорци на Ризницата


Негорци — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Сретселото на Негорци

За името и положбата на Негорци нема научни податоци, ниту хроника или летописи. Постојат повеќе легенди за името и правобитното место.

Во една легенда што најповеќе е раширена, се зборува дека старото име му било „Губреш“ кое се наоѓало северно од денешното село, во месноста „Црквиште“. Самото име зборува дека ова место било населба. Према сеќавањето на Атанас Баламов првите жители на Негорци живееле во „Губреш“ и во „старо“ време имало неколку куќи. Еднаш на селанецот Негаре му избегале свињите во месноста каде што денес е слото и кога ги нашол, Негаре видел дека ова место е подобро, има вода и му се бендисало дека е подобро за живеење. Потоа се преселил тука и започнал нов живот. Во „Губреш“ спрема изразите на Атанас Баламов, а кој пак зборува дека ова го слушнал од постарите, живееле само христијани. Од зборовите на Томе Делев, стар 70 години, исто така, се тврди дека селото порано го викале „Губреш“ и дека луѓето се доселиле во старо време тука т.е. каде што сега е селото. Спрема него, причината за преселбата биле мравките што постоеле во Губреш.

Исто така тој тврди дека името „Губреш“ е турски израз и се однесува на името „Црквиште“.

Дека тука навистина постоела населба, говори и фактот дека кај месноста „Бајал“ бил „саирот“ т. е. плоштадот, а над него имало манастир од кој и денес има остатоци од градбата.

Според некои приказни селото Негорци го добило името така што некои луѓе го запалиле и сите жители велеле Не - Гори, Не -Гори и според тоа е добиено името Негорци.[се бара извор]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во понискиот, речиси средишен дел на територијата на Општина Гевгелија, каде што извираат и термоминералните извори и каде што се подигнати познататите Негорски бањи. Се наоѓа на локален пат кој води од градот Гевгелија, од кој е оддалечен околу шест километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 80 метри.[2]

Атарот е голем и зафаќа површина од 29,6 км2. На него обработливото земјиште заземе површина од 1.067 хектари, на шумите отпаѓаат 1.289 хектари, а на пасиштата 366 хектари.[2]

Источно од селото поминува железничката линија што ги поврзува Скопје и Гевгелија.

На три и половина километри источно од селото тече реката Вардар, која што повеќе пати нанесува штета на полето, дел од обработливата површина што се наоѓа помеѓу железничката линија и реката Вардар.

На запад од селото се последните ограници на Кожуф планина кои се доста богати со вода. По целата периферија на селото има извори на добра вода за пиење, од која добар дел се користи и за наводнување. Познати извори се: „Љиљијавор“, „Старец“, „Криви јавор“ т.е. изворот што е искористен за снабдување на селото со вода за пиење, но за три чешми.

Во текот на 1962 година се направени уште две чешми во горните маала. Друг извор е „Шоп“, кој е каптиран во време на Првата светска војна од бугарската војска, која направи една чешма, потоа „Фик“ - еден од најбогатите извори со вода кој се користеше сѐ до 1967 година исклучиво за наводнување, а денес неговите води се користат за пиење.

Историја[уреди | уреди извор]

Негорци, фотографија од 1931 година

Во XIX век, Негорци било село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Стариот споменик во 1931. Денес горниот дел не постои

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Негорци имало 1.150 жители, од кои 650 Македонци и 500 Турци.[3]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Негорци имало 928 Македонци патријаршисти.[4]

Негорци е големо село, коешто бележи пораст на населението. Така, во 1961 година селото броело 1.386 жители, а во 1994 година 1.837 жители, од кои 1.828 биле Македонци, а осум жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Негорци имало 2.047 жители со следниот етнички состав:[1]

Националност Вкупно
Македонци 2.023
Албанци 1
Турци 3
Роми 1
Власи 1
Срби 15
Бошњаци 0
други 3

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 1.150 928 1.191 1.350 1.387 1.594 1.800 1.869 1.837 2.047
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Во Негорци се сретнуваат следниве родови:

  • Доселено население: Серменлиеви, Бојманлиеви, Калоеви и др.
  • Староседелци: Мешковци, Аризановци, Терзиовци, Мурџевци, Узуновци, Бабамовци, Павловци, Џундовци, Ташоковци, Попниколовци и др.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во Негорци
Поштата во Негорци
Образовни
Општествени
Здравствени

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованци, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Негорци, во која покрај селото Негорци се наоѓале и селата Кованци, Прдејци, Серменин и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Цркви[8]
Реки[9]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Редовен настан во Негорци преставува традиционалната посета на местото Манастир, кај Негорските бањи, секоја година на вториот ден (понеделник) на големиот христијански празинк Велигден.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото работи КУД „Негорци“.

Во минатото во селото постоел фудбалскиот клуб „Негорци“. По неговото згаснување, во селото се одржува „Лига во мал фудбал Негорци“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 3 јуни 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 205. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 3 јуни 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  9. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 30. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]