Петрово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Петрово
Зграда во Петрово.jpg

Зграда во селото

Петрово is located in Македонија
Петрово
Местоположба на Петрово во Македонија
Координати 41°17′46″N 22°22′59″E / 41.29611° СГШ; 22.38306° ИГД / 41.29611; 22.38306Координати: 41°17′46″N 22°22′59″E / 41.29611° СГШ; 22.38306° ИГД / 41.29611; 22.38306
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of Arms of Gevgelija.svg Гевгелија
Област Бојмија
Население 206[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06021
Надм. вис. 350 м
Петрово на општинската карта
Петрово во Општина Гевгелија.svg

Атарот на Петрово во рамките на општината
Commons-logo.svg Петрово на Ризницата


Петрово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на реката Вардар, чијшто голем атар нашироко се допира со подрачјето на општините Демир Капија и Кавадарци.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 30 километри.[2]

Селото се наоѓа на источните падини на планината Кожуф. Водата за пиење во селото се обезбедува од сопствени бунари.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Има мошне голем атар, што зафаќа површина од 57,8 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.504 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 154 хектари, а на пасиштата само 5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во него работела земјоделска задруга и поседувало услужни објекти.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Петрово имало 250 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петрово имало 288 жители.[6]

Петрово преминало од средно по големина, во мало село. Така, во 1961 година селото броело 410 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 269 жители, при што и во двете години, во Петрово живеело и живее исклучиво македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Петрово имало 206 жители, од кои 204 Македонци, 1 Србин и 1 Бошњак.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250 288 394 430 410 431 352 268 269 206
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поранешен дом на културата, денес гласачко место
  • Поранешен дом на културата
  • Месна заедница

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Петрово било село во Гевгелиската каза, на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 365 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на младински дом.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[11] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 129 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]
Манастири

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 октомври 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). на селата во Република Македонија.pdf Енциклопедија на селата во Република Македонија Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). Скопје: Патрија. стр. 233. Посетено на 9 октомври 2021.
  3. „Ветерен парк Петрово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2021. Посетено на 4 октомври 2021.
  4. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 954-9514-56-0
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 9 октомври 2021.
  13. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 104. ISBN 9989-649-28-6.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]