Андон Китанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Андон Китанов
Роден(а)1829
Папрадиште, Велешко
Починал(а)1914
Папрадиште, Велешко
НационалностМакедонец
Занимањеградител, копаничар, иконописец
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Деца
Црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци.
Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.

Андон Китанов (1829 - 1914) — македонски градител, копаничар и иконописец, претставник на Дебарската школа. Изградил и внатрешно уредил голем број на важни цркви и манастири во Македонија.

Живот и дела[уреди | уреди извор]

Роден е во 1829 г. во мијачкото велешко село Папрадиште, во големиот градителско-зографски род Ангелковци. Татко му Китан Петров, дедо му Петар и прадедо му Ангелко исто така биле градители и копаничари. Учел кај татко му, и работел претежно како градител, иако се занимавал и со копаничарство и иконопис. Работел во црквите „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, „Св. Никола“ во Штип, „Св. Атанасиј“ во Дојран, каде ги изработил дрворезите и иконописот.[1]

Автор е на „Рождество на Пресв. Богородица“ во Согленскиот манастир кај Согле, на новата црква во Пантелејскиот манастир во Пантелеј, во кој го направил иконостасот. Китанов, кој предводел тајфа не поголема од 15 лица, во Велешко ги изградил црквите „Св. Атанасиј“ во Богомила, „Пресв. Богородица“ во Бистрица (1860), „Св. Атанасиј“ во Теово, „Св. Илија“ во Долно Врановци, „Св. Илија“ во Бусилци, „Св. Петка“ во Долно Оризари, „Св. Воскресение Христово“ во Еловец, „Св. Никола“ во Лисиче, „Св. Троица“ во Раштани, „Св. Стефан“ во Нежилово, „Св. Илија“ во Капиново, „Св. Никола“ во Крнино и „Св. Троица“ во Подлес.

Во Гевгелиско ги изградил „Св. Димитриј“ во Балинци, „Св. Архангел Михаил“ во Грчиште, „Св. Константин и Елена“ во Миравци, „Рождество на Пресв. Богородица“ во Давидово, „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, „Воснесение Христово“ во Петрово, „Св. Ѓорѓи“ во Серменин, „Св. Димитриј“ во Конско, „Св. Димитриј“ во Кованец, „Св. Константин и Елена“ во Мрзенци, „Св. Петка“ во Прдејци, „Св. Димитриј“ во Смоквица, „Св. Атанасиј“ во Богданци, „Успение на Пресв. Богородица“ во Ѓавато и „Рождество на Пресв. Богородица“ во Богородица. Во егејскиот дел на гевгелиско ги изградил црквите „Успение на Пресв. Богородица“ во Мачуково „Св. Архангели“ во Смол, „Св. Никола“ во Бајалци и „Св. Ѓорѓи“ во Ореовица.

Во Дојранско негови дела се „Св. Петка“ во Марвинци, „Св. Ѓорѓи“ во Аканџали (денес во неговиот егејски дел), „Св. Ѓорѓи“ во Брајковци и „Св. Ѓорѓи“ во Пирава.[2]

Во 1860 г. Китанов го изградил манастирот „Св. Ѓорѓи“, наречен и Неготински манастир.[2][3] Во 1896 г. ја изградил црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија.[4]

Со Китанов понекогаш работеле и мајсторите Јаков Зографски и неговиот син Ѓорѓи Зографски, како и Коста Крстев.[2]

Починал во 1914 г. во родното село.[1]

Родословие[уреди | уреди извор]

 
 
 
 
 
 
 
 
Ангелко
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Петар
 
Илија
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Китан
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Андон
 
Петар
 
Никола
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитар
 
Ангелко
 
Велјан
 
 
 
 


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 205.
  2. 2,0 2,1 2,2 Василиев, стр. 206
  3. Димитров, Божидар (2000). Български старини во Македония. София: Анико. стр. 121.
  4. „Цркви и манстири во Гевгелија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 февруари 2014.