Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Габрово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПовардарска
Архијерејско намесништвоГевгелиско
ПарохијаМиравска
Местоположба

Карта

Координати41°17′09″N 22°24′07″E / 41.28583°N 22.40194°E / 41.28583; 22.40194
МестоГаброво
ОпштинаГевгелија
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Атанасиј
Изградба1851
ЖивописXIX век
ЗографДимитар Андонов-Папрадишки
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна

Света Атанасиј — главна селска црква во гевгелиското село Габрово, Македонија.[1][2]

Црквата се наоѓа на самото сретсело, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во самото средиште на селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во 1851 година, што може да се види од записот на еден камен блок над крстот на западната фасада, што всушност претставува дел од првобитната црква.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со обоени дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На источниот ѕид има голема полукружна олтарна апсида, а на јужната и западната страна има отворен трем. Покривната конструкција, која е на две води, се држи на шест колони во два реда (по три столбови).[2]

Градител на овој храм е познатиот Андон Китанов.[2]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата добила фрескоживопис неколку години по нејзината изградба, во текот на втората половина XIX век од Димитар Андонов-Папрадишки.[2]

Иконостас

[уреди | уреди извор]

Црквата поседува иконостас исполнет со стари и нови икони кои потекнуваат од XIX и XX век.[2]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 3 4 5 6 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]