Црква „Св. Константин и Елена“ - Мрзенци
Свети Константин и Елена
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Втора гевгелиска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°09′40.2″N 22°30′04.4″E / 41.161167° СГШ; 22.501222° ИГД |
Место | Мрзенци |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Константин и Елена |
Изградба | XIX век, 1925 |
Завршено | 1936 |
Осветување | 1936 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Свети Константин и Елена — главна селска црква во гевгелиското село Мрзенци. Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото и е сместена на Мрзенски Рид кој има доминантна положба во однос на остатокот од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Близу денешната црква стојат остатоци од средновековна црковна градба; ова наоѓалиште го носи името Црква.[1] Овој објект со текот на времето бил напуштен, и познато е од мештаните дека следнот (за нив познат) храм бил изграден на место од другата страна на железничката пруга некаде во XIX век. Нејзин градител бил истакнатиот Андон Китанов со потекло од с. Тресонче[2]. Подоцна е решено денешната црква да се изгради на средновековното место. Изградбата започнала да се гради во 1925 година, но поради низа непогодности не била довршена сè до 1936 година, кога и била осветена од страна на штипскиот владика Симеон Злетовско-струмички.[3]
Во мај 2015 г., крадци ја скршиле влезната врата од црквата и ги одземале парите од иконите и касите. Според мештаните, при грабежот на црквата биле одземени околу илјади денари.[4] Уште една кражба во црквата се случила ноќта на 5 март 2020 г.[5]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна, со рамни варосани тавани, при што средишниот кораб е засводен. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столбови во два реда.[3] Кон западната и јужната страна на црквата е доградена припрата. Над главниот влез од црквата има ниша во која се живописани Свети Константин и Елена.
Внатрешноста на црквата не е живописана. Иконостасот е изработен во 1937 година. На него има три записи. Едниот се наоѓа над царските двери, врз фризот со винова лоза. Останатите два се наоѓаат лево и десно од дверите, на парапетни табли. На северната страна од царските двери е исишан записот
„Иконописци - браќата Доневи од с. Гари, Дебарско 1937 г.“[3]
Дворот на црквата е ограден и зафаќа голема површина. Во него се сместени селските гробишта и камбанаријата. Камбанаријата е со квадратна основа и се наоѓа веднаш до црквата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 110. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Цркви и манастири во Гевгелија“. Повардарска епархија.
- ↑ „Ограбена црквата "Св. Константин и Елена"[мртва врска]“. Вечер. 21 мај 2015.
- ↑ „Ограбена црквата „Свети Константин и Елена" во с.Мрзенци“. iPortal. 6 март 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Константин и Елена“ - Мрзенци на Ризницата ?