Црква „Св. Петка“ - Милетково
![]() ![]() Света Петка
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Миравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′01″N 22°27′38″E / 41.28361°N 22.46056°E |
Место | Милетково |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | 1860 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Милетково, Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на основното училиште.
Историја
[уреди | уреди извор]
Црквата била стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена и изгорела за време на Првата светска војна. Откако завршила војната црквата била обновена, но во 1931 година била повторно разурната од катастрофален земјотрес. Во 1932 година вторпат била обновена.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривот на црквата е на две води. Храмот бил изграден од обичен камен. На јужната и на западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот влез е од западната страна.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата не поседува фрескоживопис.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата поседува иконостас со икони од поново време. Некои од нив потекнуваат во 1932 година, кога всушност по вторпат се обновила црквата.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Иконостасот
-
Поглед на црквата
-
Страничен поглед на црквата
-
Помошен објект
-
Тремот
-
Камбанаријата
-
Тремот
-
Споредниот влез
-
Главниот влез
-
Апсидата
-
Селските гробишта
-
Внатрешноста
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Петка“ - Милетково на Ризницата ?