Црква „Св. Димитриј“ - Смоквица
Свети Димитриј | |
Камбанаријата на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Негорска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°15′34.7″N 22°28′04.4″E / 41.259639°N 22.467889°E |
| Место | Смоквица |
| Општина | Гевгелија |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Димитриј Солунски |
| Изградба | околу 1830 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Димитриј — главна селска црква во гевгелиското село Смоквица.
Црквата претставува културно наследство на Македонија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во крајниот западен дел од селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во првата половина на XIX век, односно околу 1830 година, а била обновена во 1905 година од страна на градителската дружина на познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]
Била прогласена за културно наследство на Македонија со решение од 7 мај 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани. Средишниот кораб е поизвишен од страничните и е покриен со квадратни полиња изведени со тенки летвички. Во средината на главниот кораб е насликана икона на платно на којашто е претставен ликот на Исус Христос Седржител. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на осум столба, распоредени во два реда со по четири на јужната и северната страна.[1]
Во дворот на црквата се сместени селските гробишта, камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата има квадратна основа и се состои од четири дела, при што основата на секој следен дел има помала основа. На секоја од страните на првите три дела има по една монофора, додека последниот дел е со повеќе отвори од страните. Камбанаријата е покриена со пирамидален лимен кров над кој има крст.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата била зографисана во 1846 година, што може да се забележи и од натписот над главната влезна врата на јужниот ѕид, од внатрешната страна.[1]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот во внатрешноста на храмот е исполнет со вредни икони и царски двери изработени од страна на Андон Китанов. Дверите биле изработени во 1863 година во резба со мотиви од растителниот свет.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Камбанаријата
- Камбанаријата
- Помошниот објект
- Влезот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Цркви во Негорската парохија“. Повардарска епархија.
- ↑ „Национален регистар на културното наследство“ (PDF). Управа за заштита на културното наследство. ноември 2024. Посетено на 9 септември 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Димитриј“ - Смоквица на Ризницата ?
| ||||||||


