Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Гевгелија
Свети Кирил и Методиј | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Втора гевгелиска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°8′20″N 22°30′15″E / 41.13889°N 22.50417°E |
| Место | Гевгелија |
| Општина | Гевгелија |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Кирил и Методиј |
| Завршено | 1896 |
| Зограф | Димитриј Андонов - Папрадишки |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Свети Кирил и Методиј — македонска православна црква во градот Гевгелија.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на Гевгелија, сместена на јужната страна на градското шеталиште.[2]
Во црквата се наоѓаат девет икони од познатиот македонски зограф Димитар Андонов - Папрадишки.[3] Воедно, црквата се одликува со голем и убав иконостас.
Црквата е најмногу посетена за време на најголемиот христијански празник Велигден.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Подигната е во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година.
Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник.
Градба
[уреди | уреди извор]Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов - Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква Света Троица или од манастирската црква „Св. Спас” во Гевгелија, и се дело на непознат резбар (од XVIII век). Градител на црквата е Андон Китанов.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Задниот дел на црквата
- Целосен поглед на црквата
- Црквата со нејзината камбанарија
- Стара историска фотографија од црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 „Градот Гевгелија“. Гевгелија Туризам. Гевгелија. Архивирано од изворникот на 2016-07-13. Посетено на 24 мај 2016.
- ↑ „ИКОНИ ОД ПАПРАДИШКИ ВО ГЕВГЕЛИСКАТА ЦРКВА „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ"“. Општина Гевгелија. Гевгелија. Посетено на 24 мај 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Гевгелија на Ризницата ?


