Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Прдејци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаПовардарска
Архијерејско намесништвоГевгелиско
ПарохијаНегорска
Местоположба

Карта

Координати41°12′23.9″N 22°30′01.2″E / 41.206639°N 22.500333°E / 41.206639; 22.500333
МестоПрдејци
ОпштинаГевгелија
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Петка
Изградба1861
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна

Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Прдејци.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во 1861 година, што е забележливо од натписот над влезната врата која се наоѓа на јужната страна на црквата, а нејзин градител бил познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е трикорабна, со дрвени тавани, при што средишниот кораб се извишува над двата странични кораба. Средишниот кораб е ишаран, во средината има квадратни полиња и на него е насликано македонското шеснаесеткрако сонце. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест столбови во два реда на северниот и јужниот дел од наосот.[1] Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата, којашто во денешниот изглед на црквата е затворена.

Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е прилепена до северозападниот дел од црквата. Таа има четириаголна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Во горниот дел на секоја од нејзините четири страни има по една монофора.

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на црквата не е живописана.[1]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Иконостасот се состои од икони распоредени во три реда. Царските двери се работени во резба од копаничар од дружината на Андон Китанов. Дел од иконите се изработени во 1862 година од страна на зографот Константин, а дел за кој има запис на долниот дел на јужната врата од страна на зографот Димо од Папрадиште.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]