Црква „Св. Илија“ - Давидово
![]() ![]() Свети Илија
| |
![]() Поглед кон манастирската црква | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Миравска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°20′13.4″N 22°25′53.5″E / 41.337056°N 22.431528°E |
Место | Давидово |
Општина | Гевгелија |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1937 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Свети Илија — манастирска црква на Давидовскиот манастир, во непосредна близина на истоименото гевгелиско село, во јужниот дел на Македонија.[1][2]
Црквата се наоѓа на рид во непосредна близина на селото, која доминира во Валандовското Поле.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е подигната на рид до селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1937 година. Според преданието, на местото на денешниот манастир, во периодот меѓу двете светски војни била изградена мала црква наречена „Св. Илија“. Таа во 1945 година била обновена и проширена, па целиот комплекс прераснал во манастир.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на манастирската црква според својот облик е трикорабна, чија покривна конструкција е изградена на две води и во внатрешноста завршува со рамни дрвени тавани. На покривот на црквата се вградени шестострани куполи, од кои едната е во средишниот дел на покривот, а другата во југозападниот агол. Храмот има малтерисана фасада, со покрив од ќерамиди. На јужната страна има отворен трем - натстрешница, а на југоисточната страна од храмот има камбанарија со железна конструкција, со покрив од плех.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Давидовски манастир
- Давидово
- Повардарска епархија
- Гевгелиско архијерејско намесништво
- Миравска парохија
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Малата надворешна камбанарија
-
Куполата
-
Влезот
-
Вградена камбанарија
-
Внатрешноста
-
Тремот
-
Иконостасот
-
Поглед на црквата
-
Поглед на црквата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Повардарска епархија - Миравска парохија“. www.povardarska-eparhija.org.mk. Посетено на 2021-10-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Црква „Св. Илија“ - Давидово на Ризницата ?