Црква „Св. Пантелејмон“ - Пантелеј
Свети Пантелејмон | |
Поглед на црквата пред обновувањето на фасадата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Кочанско |
| Парохија | Спанчевска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°58′4.9″N 22°18′36″E / 41.968028°N 22.31000°E |
| Место | Пантелеј |
| Општина | Кочани |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Пантелејмон |
| Завршено | 1885 |
| Живопис | 1888 - 1892 |
| Градител | Андон Китанов |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна базилика |
| Стил | преродбенички |
Свети Пантелејмон — главна манастирска црква на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во западниот дел на селото,[2] од десната страна на асфалтниот пат кој продолжува кон Рајчани.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1885 година под водство на игуменот Мартиниј.[3] Автор на црквата и нејзиниот иконостас е големиот градител и зограф Андон Китанов.[4]
Во 1988 година, на барање на митрополитот Стефан Брегалнички (подоцна архиепископ на МПЦ-ОА), Заводот за заштита на спомениците извршил подробна реставрација на покривната конструкција, кубињата и фреските.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата претставува трикорабна базилика со три куполи.[3][5]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Живописана е од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки во периодот од 1888 до 1892 година.[3][6] Во црквата заедно со Папрадишки работел Петар Николов од Ораовец.[7]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Иконите на иконостасот се на Димитар Андонов Папрадишки,[3][8] додека иконостасот е дело на градителот Андон Китанов.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Ниша над споредниот влез
- Спореден влез
- Ниша над споредниот влез
- Спореден влез
- Ниша над главниот влез
- Спореден влез
- Куполите
- Главниот влез
- Апсидите
- Големата апсида
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 55. OCLC 16745284.
- 1 2 3 4 5 „Кочанско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-11-27. Посетено на 31 март 2014.
- 1 2 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
- ↑ Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 59.
- ↑ Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 59.
- ↑ Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 32.
- ↑ Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 59.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Пантелејмон“ - Пантелеј на Ризницата ?


