Црква „Св. Петка“ - Долно Оризари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Света Петка
Црква „Св. Петка“ - Долно Оризари 2.jpg

Поглед на црквата

Македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Местоположба
Координати 41°02′55.4″N 21°22′37″E / 41.048722° СГШ; 21.37694° ИГД / 41.048722; 21.37694Координати: 41°02′55.4″N 21°22′37″E / 41.048722° СГШ; 21.37694° ИГД / 41.048722; 21.37694
Населено место Долно Оризари
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Завршено 1930
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Свети Николацрква во селото Долно Оризари. Црквата е сместена во јужниот дел од селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Од натписните плочи до влезот на црквата се забележува дека истата била изградена во 1930 година. Познато е дека била подигната на темели од 1860 година.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна, а од неговата десна страна има две натписни плочи со податоци за годината на изградба на црквата и лицата заслужни за нејзината изградба, како и врамена црно-бела икона на Света Петка. Внатрешноста не е зографисана и нема иконостас, а наместо тоа има закачени икони со различна големина пред олтарот.

Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата и помошен објект. Камбанаријата е со квадратна основа и се издига над помошниот објект.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Долно Оризари“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]