Црква „Св. Петка“ - Марвинци
Света Петка | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Валандовска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°16′54″N 22°30′14″E / 41.28167°N 22.50389°E |
| Место | Марвинци |
| Општина | Валандово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Света Петка |
| Изградба | XIX век 1926 1931 |
| Рушење | 1931 |
| Изгорена | 1913 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна |
Света Петка — главна селска црква на валандовското село Марвинци, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа на рид над селото, до која води земјен пат.
Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта на Марвинци.
Историја
[уреди | уреди извор]Според народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на XIX век. Нејзин градител бил познатиот неимар од селото Тресонче, Андон Китанов.[2]
Но, во 1913 година била запалена од грчките андарти и изгорела. Повторно, била изградена во 1926 година на местото на старата црква.[2]
За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофалниот Валандовски земјотрес, но со помош на верниците од селото, повторно била обновена.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна.[2]
Иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а иконите од 1927 година.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Портата пред влезот на црквата
- Селските гробишта во дворот на црквата
- Поглед на црквата
- Влезот во црквата
- Икона на Света Петка
- Апсидата на црквата
- Мала макета на црква
- Селските гробишта
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 4 5 „Цркви во Валандовско“. Повардарска епархија. 2 јуни 2006. Посетено на 17 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Петка“ - Марвинци на Ризницата ?


