Црква „Св. Ѓорѓи“ - Брајковци
![]() ![]() Свети Ѓорѓи
| |
![]() Поправање на црквата после земјотресот во 1931 година | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
Парохија | Валандовска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′31″N 22°31′39″E / 41.29194° СГШ; 22.52750° ИГДКоординати: 41°17′31″N 22°31′39″E / 41.29194° СГШ; 22.52750° ИГД |
Место | Брајковци |
Општина | Валандово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Димитриј Солунски |
Изградба | 19 век 1931 |
Рушење | 1931 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна |
Свети Ѓорѓи — главна селска црква на валандовското село Брајковци.[1]
Црквата е изграда на едно возвишено место на крајот од селото, на југоисточната страна. Тоа е ниска и недоволно угледна архитектурна градба, чиј влез во внатрешноста на храмот се наоѓа на јужната страна. Старата црква, пред земјотресот од 1931 година, според народното предание, била изградена во втората половина на XIX век, пред 1870 година од папрадишанецот Андон Китанов.[2]. На неа имало натпис, што се наоѓал над главната влезна врата, кој, по извршените поправки на објектот (по земјотресот), бил уништен. Според архитектурната форма, црквата е трикорабна, со рамни дрвени тавани, од кои средниот ги надвишува двата странични кораба. На средината на централниот кораб има насликано икона со претстава на Исус Христос Седржител. Осветлена е преку четири прозорци во наосот (по два на јужниот и северниот ѕид). Црквата има влез и од западната страна. Од јужната страна има отворен трем. Иконите во црквата датираат од XIX век. Црквата не е живописана.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 206.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Брајковци на Ризницата ?