Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пирава
Свети Ѓорѓи | |
Поглед кон црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Гевгелиско |
| Парохија | Пиравска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°19′16″N 22°31′48.4″E / 41.32111°N 22.530111°E |
| Место | Пирава |
| Општина | Валандово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Ѓорѓи |
| Изградба | 1932 |
| Завршено | 1934 |
| Живопис | 1934 |
| Зограф | Димитар Папрадишки |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | крстокуполен храм |
Свети Ѓорѓи — главна црква во валандовското село Пирава, а воедно и парохиски храм на Пиравската парохија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Црквата се наоѓа во самото село Пирава, сместена непосредно до самото сретсело.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена по земјотресот од 1931 година, во периодот од 1932 до 1934 г. Реновирана е во 1994 година и осветена е од тоашниот поглавар на МПЦ, г.г. Михаил.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм. Куполата, која е со осумстран тамбур, се потпира на четири пиластри поврзани со лакови. Нартексот на црквата е засводен со попречен свод на две води. Меѓу првата припрата и куполата се издига камбанаријата. Таа е свртена кон запад и е опремена со голема камбана. На источната страна, храмот завршува со апсида која е тешко приемлива. Црквата има оградено дворно место и два влеза - од северната и од јужната страна.[2]
Над главниот влез од црквата има витраж на кој е прикажан Свети Ѓорѓи како го убива аждерот.
Иконостас
[уреди | уреди извор]Иконостасот во внатрешноста на црквата го сочинуваат стари и нови икони кои потекнуваат од почетокот на XX век. Тој е изработен во времето кога се подигала црквата, а иконите ги насликал познатиот зограф Димитар Папрадишки.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Влезната порта во црквата
- Предната страна на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Главната влезна врата од црквата
- Витраж над главната влезна врата од црквата
- Иконостасот во црквата
- Трифора на ѕид од црквата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Натпис на влезот
- Поглед на црквата
- Влезот
- Црквата со камбанаријата
- Поглед на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 „Цркви во Пиравската парохија“. Повардарска епархија. 2 јуни 2008. Посетено на 20 јули 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Пирава на Ризницата ?


