Прејди на содржината

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Валандово

Координати: 41°19′34.5″N 22°32′53.8″E / 41.326250° СГШ; 22.548278° ИГД / 41.326250; 22.548278
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Ѓорѓи

Внатрешноста на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Гевгелиско
Парохија Валандовска
Местоположба

Карта

Координати 41°19′34.5″N 22°32′53.8″E / 41.326250° СГШ; 22.548278° ИГД / 41.326250; 22.548278
Место Валандово
Општина Валандово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георгиј
Изградба 1349 (првата црква)
1934 (сегашниот објект)
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — манастирска црква над Валандово.[1] Црквата се наоѓа во еден живописен предел на планината Плавуш, северозападно од Валандово. Во средниот век на овој простор постоела мошне убава црква, посветена на Свети Ѓорѓи.Неа ја подигнал српскиот цар Стефан Душан во 1349 година, а ја граделе неимари со развиена смисла за естетика. Во 1349 година, црквата заедно со својот имот , царот Душан ја подарил на Атонскиот манастир на островото Атос. Во црковната повелба било нагласено дека средновековната црква Св. Ѓорѓи, има свои имоти во атарите на Валандово, Пирава и Раброво.

Според едно старо предание, кога Марко Крале се враќал од Прилеп од прошетка во планината Беласица, каде што ја одмерил својата сила фрлајќи големи камеља во Дојранското Езеро од кои еден се забил во месноста Дикили Тас северозападно од Дојран откако ја минал Анска Река, го запрел кољот Шарец над Валандово, во месноста Манастирот. Влегол во црквата Свети Ѓорѓи и се помолил на Господ. По краткиот одмор го продолжил патот кон Прилеп. По доаѓаљето на Турците во Валандово, црквата Свети Ѓорѓи прераснала во манастир. Манастирската црква и конаците околу неа, биле оградени со високи и дебели ѕидови, скопчани со тешка железна врата. Денешната манастирска црква е недоволно привлечна. Таа е мала по големина и недоволно угледна. Градена е од камен, а во основата е спуштена за една степеница под нивото на бетонираниот трем, кој е нешто повисок од нивото на земјата. Оваа еднокорабна црква со низок свод , чија поственост е во насока исток-запад, сместена е до брегот на една удолница. Внатрешноста на малата манастирска црква е исполнета со скромен фонд на икони, слики и дрвен намештај Некои од иконите се изработени по земјотресот кој бил 1931 година и ја разурнал црквата, но има и такви кои се изработени во поново време. Олтарната преграда што ја сочинува малиот иконостас, ја има дебелината на рамките на иконите. Дрвениот мал иконостас не е доволно упадлив. Авторите на иконите не се познати, но познати се некои од нивните дарители. Во средината на јужниот ѕид се наоѓа таканаречениот владички стол , а лево од него се иконите . Манастирскиот простор денес е прекрасно среден и претворен во излетничко место, место за уживање и одмор. Околу манастирската црква има три чешми со исцртани фрески и со многу питка и како што велат старите лековита вода.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]