Пирава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пирава
Викиекспедиција Бојмија 219.jpg

Улица во селото

Пирава се наоѓа во Македонија
Пирава
Местоположба на Пирава во Македонија
Координати 41°19′17″ СГШ 22°31′46″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски регион
Општина Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Општина Валандово
Област Бојмија
Население 1.844[1] жит.
Пошт. бр. 2463
Повик. бр. 034
Надм. вис. 110 м
Commons-logo.svg Пирава на Ризницата


Пирава — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на територијата на Општина Валандово. Од градот Валандово селото е оддалечено 4 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 20,3 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.002 хектари, на пасиштата отпаѓаат 553 хектари, а на шумите 313 хектари.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Панорама на селото во 1931 година

Во XIX век, Пирава било македонско-турско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пирава имало 740 жители, од кои 470 Македонци, 180 Турци и 90 Роми.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пирава имало 496 жители.[4]

Селото е големо со пораст на бројот на населението. Така, Пирава во 1961 година имало 1.339 жители, од кои 1.327 биле Македонци, тројца Срби, двајца Албанци и тројца Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 1.839 жители, од кои 1.827 Македонци и 11 жители Срби..[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Пирава имало 1.844 жители, од кои 1.827 Македонци, 9 Срби и 8 Роми.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 740 496 1.287 1.278 1.339 1.368 1.633 1.812 1.839 1.844
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Пошта во Пирава
  • Пошта (2463)
  • Амбуланта
  • Основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Пирава, во која селото Пирава било единствено село.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Пирава се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Раброво и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[8]
Цркви[9]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Пирава
  • Петар Гошев (р. 1948) — политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Република Македонија
  • Николче Чурлиновски — лекар и градоначалник на Општина Валандово

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои КУД „Гоце Делчев“, кој одржува настани во домот на културата во Пирава.

Воедно, во селото работи и фудбалскиот клуб „Ударник“, кој неколку сезони има настапувано во Втората лига.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 25 јули 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 235. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. конс. 25 јули 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]