Јосифово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јосифово
Викиекспедиција Бојмија 228.jpg

Главната селска црква во Јосифово

Јосифово is located in Македонија
Јосифово
Местоположба на Јосифово во Македонија
Координати 41°19′54″N 22°28′31″E / 41.33167° СГШ; 22.47528° ИГД / 41.33167; 22.47528Координати: 41°19′54″N 22°28′31″E / 41.33167° СГШ; 22.47528° ИГД / 41.33167; 22.47528
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Valandovo Municipality.svg Валандово
Област Бојмија
Население 1.730[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2462
Повик. бр. 034
Надм. вис. 68 м
Commons-logo.svg Јосифово на Ризницата


Јосифово (порано: Калучково) — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова големо село се наоѓа во областа Бојмија, во западниот дел на територијата на Општина Валандово, на патот Валандово-Удово, чиј атар на тесен дел со допира со Гевгелиското Поле. Од градот Валандово селото е оддалечено 9 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 68 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 19 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 809 хектари, на пасиштата отпаѓаат 476 хектари, а на шумите 390 хектари.[2]

Селото се наоѓа во близина на течението на реката Вардар. Селото е поделено на две маала, Горно и Долно Маало, кои се меѓусебно раздалечени. Поголемо по површина и побројно по население е Долното Маало. Јосифово е ново и современо населено место.

Со белези на руралност, сепак може да се истакне дека селото е урбанизирано, со изградена канализација, две медицински установи (амбуланти), основно училиште, пошта, бензинска пумпа, културен дом, голем и мал спортски терен, маркети, земјоделски аптеки, медицинска аптека како и други погодности кои треба да ги ужива денешниот човек, особено во селска средина. На ова село е надоврзано селото Калково, кое се наоѓа на северната страна од Јосифово и е населено со Турци.

Историja[уреди | уреди извор]

Дел од селото во 1931 година

Во XIX век, ова било турско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.

Во селото преовладува македонско население, а во него живеат и значителен број Срби. Првично, потесната област во која се наоѓа Јосифово, може да се сретне и под името Калучково. Инаку, историјата сведочи дека селото најпрво било колонизирано со српско население, во време на српската окупација, кога областа влегува во склоп на Србија, по Втората балканска војна. Во тоа време, на Србите им биле поделени најплодните земјоделски површини, а селото се викало Караѓорѓевац, во чест на српската кралска династија Караѓорѓевиќ. Токму во времето на српската окупација, поточно во 1931 година, Јосифово (тогашен Караѓорѓевац) го зафатил силен земјотрес. Тогаш, во посета на околината, па и на самото Јосифово пристигнал кралот на стара Југославија, Александар Караѓорѓевиќ.

Во 1941 година, селото влегува во состав на Бугарија и името му е променето во Крумово, по бугарскиот хан Крум. По Втората светска војна, селото го добива сегашното име по познатиот комунистички народен херој од Гевгелија Јосиф Јосифовски - Свештарот. Во дворот на селската амбуланта на Јосифово има поставено спомен обележје во сеќавање на херојот кој е патрон на селото.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Земјоделските култури отсекогаш биле извор на егзистенција за поголемиот дел од граѓаните на Јосифово. Интересен е фактот дека почвата во јосифовскиот атар е една од трите најплодни почви во Македонија.

Во минатото, но и денес, полето околу селото изобилува со плодни услови за најразлични земјоделски култури. За време на поранешната СФРЈ, пласманот на земјоделските производи се обезбедувал полесно преку земјоделската задруга „Црвена Ѕвезда-Јосифово“.

Во поново време, традиција стана одгледувањето на зелка. Освен тоа, во Јосифово се огледува винова лоза, бостан, компир, домати, краставици, пиперки и други култури на помали површини. Доста застапени се и овошните насади. Особено карактеристичен белег за Валандовската општина, па и за Јосифово се јапонските јаболки, кои можат да се сретнат на значителни површини. Кивите исто така успеваат на ова поднебје. Освен тоа, во Јосифово се среќаваат и насади на маслинки.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Јосифово имало 800 жители, сите Турци.[3]

Јосифово е големо село, коешто во 1961 година броело 951 жител, од кои 628 биле Македонци, 248 Срби, 46 Црногорци, 22 Турци и 7 Хрвати, а во 1994 година, двојно повеќе, односно 1.721 жител, од кои 1.276 биле Македонци, 241 Турчин и 185 Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Јосифово имало 1.730 жители, од кои 1.266 Македонци, 274 Турци, 174 Срби и 16 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 800 865 905 951 1.199 1.552 1.733 1.721 1.730
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 865
1953 559 32 256 58 905
1961 628 22 248 53 951
1971 888 35 202 74 1.199
1981 1.109 176 197 70 1.552
1991 1.255 260 161 57 1.733
1994 1.276 241 185 19 1.721
2002 1.266 274 174 16 1.730

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Пошта во Јосифово

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Јосифово се наоѓале селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Градец, Ѓулели, Плавуш, Терзели и Удово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

КУД „Младост“ од Јосифово е едно од најмладите културно-уметнички друштва во Валандовската општина. Создадено е зимата 1989-1990 година од група активисти, граѓани на Јосифово. Во негов состав работат фолклорната, пејачката, драмскатата и ликовната секција, како и секција за плетење, везење и ткаење. Опфаќа голем број на деца и млади. За кратко време од своето постоење стана главен носител на културно-забавниот живот во Јосифово и пошироко. Во изминативе години ова друштво има учествувано на фолклорни фестивали во земјата и странство.

Традиција за Јосифово е турнирот во мал фудбал „Јосифовско лето“, кој се одигрува на малиот фудбалски терен во дворот на училиштето. На него земаат учество фудбалски екипи од цела Македонија. Турнирот се одржува во текот на август.

Младите го препознаваат Јосифово и по меморијалниот рок хепенинг „Цале“, кој се одржува секоја година кон крајот на месец август. Учество на овој настан земаат голем број музички рок состави од цела Македонија и пошироко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 4 август 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 141. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 4 август 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]