Раброво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раброво

Влезот во селото

Раброво во рамките на Македонија
Раброво
Местоположба на Раброво во Македонија
Раброво на карта

Карта

Координати 41°19′17″N 22°34′44″E / 41.32139° СГШ; 22.57889° ИГД / 41.32139; 22.57889Координати: 41°19′17″N 22°34′44″E / 41.32139° СГШ; 22.57889° ИГД / 41.32139; 22.57889
Регион  Вардарски
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 248 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04018
Надм. вис. 160 м
Раброво на општинската карта

Атарот на Раброво во рамките на општината
Раброво на Ризницата

Раброво — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато како „Храброво“ во XVI век. Се претпоставува дека тоа име потекнува од машкото лично име „(Х)Рабро“, што првобитно имало значење на „храбар“ и „смел“, а од XVI век и како „вереник“ и „младоженец“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лозја кај Раброво

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во источниот дел на територијата на Општина Валандово, непосредно источно од самиот град Валандово, на оддалеченост од само два километри.[3] Селото се наоѓа непосредно до патот Валандово-Струмица. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[3]

Атарот зафаќа површина од 10 км2. На него шумите заземаат површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 337 хектари, а на пасиштата 130 хектари.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Раброво во 1931 година

Првпат селото е споменато во XV век, пред доаѓањето на Османлиите на овие простори. Во XVI век е споменато под името Храброво,[2] со 60 христијански и 7 муслимански семејства.

За време на турското владеење било населено само со муслиманско население, бидејќи Македонците под притисок го напуштиле селото.

Во XIX век, Раброво било македонско-турско село во рамките на Дојранската каза на Отоманското Царство.

На етнографската карта од 1912 година е обележано само со муслиманско население. Во Раброво, Турци имало до 1960 година кога се иселуваат во Турција. На нивно место дошле нови жители, Македонци од Беровско и од Кривопаланечко, како и од Струмичко.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3] Селото претходно имала рударска функција, бидејќи на нејзиниот атар се вадела хромна руда.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948175—    
1953249+42.3%
1961160−35.7%
1971216+35.0%
1981282+30.6%
ГодинаНас.±%
1991267−5.3%
1994271+1.5%
2002274+1.1%
2021248−9.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Раброво имало 280 жители, од кои 60 Македонци и 220 Турци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раброво имало 64 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци и 25 до 50 Турци.[6]

Селото е мало, но со пораст на населението. Во 1961 година селото имало 160 жители, од кои 116 биле Македонци, а 33 жители Срби. Во 1994 година, бројот се зголемил на 271 жител, од кои 261 Македонец и 10 жители Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Раброво имало 274 жители, од кои 264 Македонци, 9 Срби и 1 Ром.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 230 Македонци, 2 Срби, 1 останат и 15 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 64 175 249 160 216 282 267 271 274 248
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Илија“

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Валандово, во која влегувале градот Валандово и селата Дедеди, Раброво и Честово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Раброво се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 296 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои фудбалскиот клуб ФК Илинден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 126–127.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 249. Посетено на 16 јули 2017.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 162.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 јули 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]