Балинци
Балинци | |
![]() Поглед на Домот на културата во селото | |
Координати 41°17′18″N 22°30′51″E / 41.28833° N; 22.51417° EКоординати: 41°17′18″N 22°30′51″E / 41.28833° N; 22.51417° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 328[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04001 |
Надм. вис. | 105 м |
![]() |
Балинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на плодното поле на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира и со подрачјето на Општина Гевгелија. Од градот Валандово селото е оддалечено 5,5 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри.[2]
Атарот не е многу голем и зафаќа површина од 5,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 178,4 хектари, на шумите отпаѓаат 294,2 хектари, а на пасиштата 34,4 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Балинци било македонско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Балинци имало 150 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балинци имало 144 жители.[4]
Во 1961 година селото било мало и броело 280 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 333 жители, од кои 241 Македонец, 84 Срби, а осум жители Роми.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Балинци имало 328 жители, од кои 242 Македонци, 78 Срби, 7 Роми и 1 останат.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 150 | 144 | 266 | 297 | 280 | 284 | 332 | 337 | 333 | 328 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Дом на култура
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Балинци се наоѓале градот Валандово и селата Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 293 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 270 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[10]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 17. Посетено на 24 јули 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|