Брајковци
Брајковци | |
![]() Панорама на селото од 1931 година | |
Координати 41°17′30″N 22°31′19″E / 41.29167° N; 22.52194° EКоординати: 41°17′30″N 22°31′19″E / 41.29167° N; 22.52194° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Бојмија |
Население | 437[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04005 |
Надм. вис. | 110 м |
![]() |
Брајковци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во средишниот дел на плодното поле на територијата на Општина Валандово. Од градот Валандово селото е оддалечено 6 километри.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 252,6 хектари, на шумите отпаѓаат 262,3 хектари, а на пасиштата 39,5 хектари.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Брајковци било македонско село во рамките на Дојранска каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Од земјоделските култури најмногу се одгледува пченица, бостан, тутун, киви, обични и јапонски јаболки и др. Во селото работат и две продавници.
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брајковци имало 180 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брајковци имало 240 жители.[4]
Селото е средно по големина, со зголемување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 366 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 424 жители, од кои 403 се Македонци, а 21 жител Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Брајковци имало 437 жители, од кои 413 Македонци и 24 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 240 | 312 | 338 | 366 | 437 | 450 | 425 | 424 | 437 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Јосип Броз Тито“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Брајковци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 292 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 342 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Чукарски Пирој — населба од хеленистичко и римско време; и
- Манастир — старохристијанска базилика.
- Цркви[12]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 37. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Образование“. македонски: Општина Валандово. Посетено на 22 јули 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|