ПУ „Даме Груев“ - Брајковци
Изглед
Даме Груев | |
|---|---|
во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“ | |
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Валандово |
| Наречено по: | Даме Груев |
| Нас. место: | Брајковци |
| Адреса: | с. Брајковци |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1945 |
| Број на ученици: | 47 (2023/24)[1] |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Даме Груев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Даме Груев“ - Брајковци; скратено: ПООУ „Даме Груев“) — подрачно основно училиште во селото Брајковци, претставува единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.[2][3]
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Даме Груев.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Брајковци, на самиот крај од селото, на патот за селото Балинци.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било изградено во 1992 година.[1]
Градба
[уреди | уреди извор]Објектот е обновен. Површината на објектот е 323 метри квадратни и се загрева со пелети.[1]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на училиштето
- Спортското игралиште
- Влезот
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „Годишна програма за учебната 2023/24 г. ООУ „Јосип Броз Тито" - Валандово“. ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово. август 2023 г. Посетено на 20 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=(help) - ↑ „За нас“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 20 јануари 2024.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-02.

