ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово
Изглед
За други значења на поимот, погл. ОУ „Јосип Броз Тито“.
Јосип Броз Тито | |
|---|---|
Поглед на училиштето | |
| Место | |
| Општина: | Општина Валандово |
| Наречено по: | Јосип Броз Тито |
| Нас. место: | Валандово |
| Адреса: | Ул. „6 Ноември“, бб |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1945 |
| Директор: | Младен Костадинов |
| Број на ученици: | 352 (2023/24) |
| Настава на: | македонски и турски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | ooujbt.edu.mk/ |
| Е-пошта | ou_valandovo@yahoo.com |
| Телефон | 034/382-079 |
| Факс | 034/382-079 |
Основно училиште „Јосип Броз Тито“ (официјално: Основно општинско училиште „Јосип Броз Тито“ - Валандово; скратено: ООУ „Јосип Броз Тито“) — централно основно училиште во градот Валандово, Општина Валандово.[1][2]
Училиштето е именувано по југословенскиот државник и претседател Јосип Броз Тито.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето започнало со работа во 1945 година, а денешниот објект во градот Валандово е изграден во 1980 година.[3]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.[3]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Гоце Делчев“ - Пирава, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Даме Груев“ - Брајковци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Нам’к Кемал“ - Чалакли, подрачно деветгодишно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Јени Ѓун“ - Башибос, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Моша Пијаде“ - Дедели, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик; и
- ПУ „Цветан Димов“ - Казандол, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик.
Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]- Ѓорге Иванов - претседател на Македонија
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на училиштето
- Влезот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-02.
- 1 2 „За нас“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 20 јануари 2024.
- 1 2 „Годишна програма 2023/24“. ООУ „Јосип Броз Тито“. Посетено на 20 јануари 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
ОУ „Јосип Броз Тито“ - Валандово на Ризницата ?

